Потребно време за читање: 2 минути

53.

Хералдичарите Сон Исконски и Извор Темјанов заедно детално го проучија најважното и најбележитото оружје на војската на Александар III Македонски. Радо му зборуваат за него, му го претставуваат, му го опишуваат на секој што го бара тоа од нив, а неретко одржуваат секогаш многу посетени предавања ширум светот. Описот и значењето им се секогаш како вовед, а акцентот го ставаат на симболиката, трајноста и неговата животворна енергија.

Античкиот македонски штит бил изработен од дрво, кожа и метал, во кружна или поулсферична форма. Од надворешната старна на средината имал кружен папок наречен омфал, а во средината била прицврстена метлна декоративна ѕвезда-розета со тордирани зраци или молња. Во кружната зона околу биле заковани метални полукружни опкови односно огнила. Во нив, као и во меѓупросторите биле заковани железни клинови. Подоцна се изработувал од метал.

Сончевата розета е најчест симбол, а е придружувана со ѕвезди или полумесечина. Ги искажува вечното раѓање и бесмртноста односно моќта на воинот што го носи, но и сигурната победа над непријателот.

Прочитај и за ... >>  СОНЦЕВА КРВ ЗА ЉУБОВИ И ДОБЛЕСТИ, За љубови, метафизички роман

Македонското шеснаесетзрачно сонце е уште од времето на Филип Македонски, обединителот на сите македонски племиња во една држава: Адријаните, Пердикеанците, Линкестијците, Пеонците, Одрисеанците, Моесијанците, Орестијанците, Алмопијанците, Елиметејанците, Халкидијците, Пелагонците, Илирите, Молосијанците, Тракијците, Дарданите и Трибалците. Според некои учени, пред обединувањето сонцето било со осум зраци.

Најпознато пронајдено шеснаесетзрачно сонце е она во древниот македонски град Еге, а кој долго време бил македонска престолнина.

Штит изаботен од бронзен лим со исчукување од третиот век пред Христа е пронајден на локалитетот Старо Бонче, во селото Бонче, општина Прилеп, Македонија, а се претпоставува дека им припаѓал на војници од гардата на македонскиот владетел Деметриј I Полиоркет, кој владеел од 294. до 287. година пред Христа. На него е претставено дванаесестзрачно сонце, околу него во посебно прстенесто поле стои написот ΒΑΣΙΛ[ΕΟΣ] ΔΗΜΗΤΡΙΟ[Υ]-КРАЛОТ ДЕЕМЕТРИЈ. Има и седум српести полиња во чии средини се осумзрачни ѕвезди.

Сон Исконски и Извор Темјанов, далечни потомци на Македон и Ксантија, кои незнајно како го поседуваат штитот на Македон со лорандит среде розетата, секогаш надолж и нашир говорат за симбликата, трајноста и животворната енергија на елементите на македонскиот штит. Најмногу за шеснаесетзрачното сонце и розетата.

Прочитај и за ... >>  СОНЦЕВА КРВ ЗА ЉУБОВИ И ДОБЛЕСТИ, За љубови, метафизички роман

Според нив, тие го искажуваат непоколебливо вечното раѓање и бесмртноста односно моќта на воинот што го носи, но и сигурната победа над непријателот. Вечното раѓање и бесмртноста на Сончева Македонија што ги брани македонскиот воин; му ја овековечува сигурната победа во борбите против непријателите и славата не во освојувањето, туку во обединувањето на светот. Лорандитот среде розетата, што е централен на штитот кој тие го поседуваат како оставнина од Македон, е директна врска со Сонцето; концентрација на сончевата односно животворната енергија и едновремено раѓање на сонце во него. Последново е најважно од сѐ. Лесно е замислива античката и секоја друга македонска војска по неа со илјадници сонца обединети во едно, како и неизмерната енергија со која се совладува секој непријател на обединениот свет на човекот, сосе човештината како најголема доблест во него.

Кога е збор за доблестите, Сон Исконски и Извор Темјанов во врска со раѓањето на сонце односно сонца во Сонцето во преден план ги ставаат доверливоста, праведноста и лојалноста. Точно по тој редослед, и тоа во нивното суштествено значење. Значи: доверливоста како етички принцип; праведноста како Платоновска хармонија на душата и телото, во творечка координација, како целина; помеѓу човекот и природата, помеѓу човекот и другите луѓе, помеѓу човекот и неговата сопствена природа; а лојалноста како преданост и верност, поединечни и колективни.

Прочитај и за ... >>  СОНЦЕВА КРВ ЗА ЉУБОВИ И ДОБЛЕСТИ, За доблести, метафизички роман

 

 

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here