Потребно време за читање: 2 минути

Во време во кое владеат хектиката и дисконтинуираните промени настана и тн. snack култура.

Станува збор за филозофија на деловност и комуницирање темелена на привремени и минливи „флеш брендови“, проектирани на начин да испорачуваат критична маса на инсталирани и искомуницирани искуства, односно доживувања во што поголем интензитет, и тоа во што пократок временски период.

Ако мислевте дека се работи само за исхрана, многу сте се излажале. Брендовите на snack културата ќе ги најдете на полиците на супермаркетите, но и во новинските киосци, секако во гастрономијата, во формите на привремено и повремено сопствеништво, во web индустријата, но и во форматите на фрагментирани дезинтегрирани медиуми, како и брзата мода. Како да го надополнуваат парафразираниот олимписки слоган „повеќе, побрзо, посилно“, со четврти додаден ударен елемент-„пократко“!

Snack културата не е првенствено одраз на материјалната сила на крајниот корисник, туку на начинот на живот. Значи, таа е само еден од пазарните одговори на амбиентот и просторот во кој денес живееме и дејствуваме, подобро речено пливаме како што умееме. Но и нови кориснички ниши (купувачи), кои настануваат со драматичното деривирање од досега познатите кориснички клишеа.

Прочитај и за ... >>  Најчестите грешки во маркетиншката стратегија

Во мода се примерите на меѓународните синцири како H&M и Zarа, кои во барањето на својата диференцијација смело посегнале по „облечи го-тоа-само-неколку-пати“ формулата и продукцијата.

Во автомобилската индустрија вистински репрезент на таквиот начин на промислување и продукција е Smart, возилото кое го демонстрира пред се исполнувањето на употребата, а не на некаков статус. Во медиумите владее „snack-o-tainment“ односно, со други зборови, конзумирање на големо количество на забавна т.е. естрадна содржина во формат на еден залак. Се е поголем бројот на „види- слушни- купи“ сервиси, пребарувачи и дигитални уреди за читање, кои им овозможуваат на крајните корисници да купуваат виртуално се што сакаат да слушаат и гледаат, дури и ако не знаат како одделна песна или аудио-визуелен клип се вика. Доволно е да се отсвиркаат (со уста) или да се отпеат неколку иницијални тактови и саканото дело е тука. Во рамките на тн. media snacking сериозните поолитички и деловни вести се повеќе се испорачуваат и конзумираат во вид на YouTube прилози и online клипови. Вистинска револуција донесоа во Франција, Швајцарија и Шпанија и „20 minutes“ весниците кои, на ужас на своите конкуренти со содржини кои бараат 60 минути внимание на своите читатели, недвосмислено порачуваат: „ Дваесет минути е вашата вкупна потреба за дневно читање“.

Прочитај и за ... >>  Најчестите грешки во маркетиншката стратегија

Snack културата бара и посебно профилирани бренд архитекти. Тие почесто мораат да дадат низа одговори на ни малку лесни прашања, т.е. како да се проектираат брендови на snack културата во услови на ниски цени, подддимензионирани формати и кратки производствени циклуси, на начин на сопственикот на брендот, во рамките на скалата на економијата односно на големите броеви, да даваат сакано ниво на профит.

Меѓутоа, „snackизацијата“ не е синоним за банализација и евтино по секоја цена. Се шири во подрачјето на хотелиерството на посебни хотели или дури во банкарството со, на спомнатите принципи, структурирани банкарски производи. Во козметиката купувачите, врз основа на личниот профил на web, добиваат e.l.f. (очи-eyes, усни- lips, лице- face) производи со исклучително поволни цени креирани само за нив. Одделни производители на бургери сега нудат според димензиите помали во стилот „art или nouvelle cuisine“.

Нема сомнение дека snack културата со својот контрапункт „премијумизација“ (премиум брендови) ќе ја одбележи првата деценија на третиот милениум. Кој ќе преживее- ќе раскажува!

Прочитај и за ... >>  Најчестите грешки во маркетиншката стратегија

(Авторот на овој прилог е извршен директор на McCann Erickson Хрватска за специјални проекти и директор на FESTO).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here