Систем на вредности

Потребно време за читање: < 1 минута

Со години наназад постојано кажувам и укажувам на обезвреднувањето на животот, на наметнатиот „потрошувачким менталитет“ кој изродува полит-бизнис олигархија и мафијаштво, на нужноста од нова филозофија на животот која ја нарекувам ДОВОЛНОСТ. (Можеби ќе најдам време да напишам мал есеј во кој ќе ги нотирам барем нејзините основни премиси.)  

Се уморив од кажување и укажување? Не!

Ќе продолжам сè додека во Македонија не се воспостави СИСТЕМ НА ВРЕДНОСТИ.

(Нагласувам: систем на вредности кој ќе биде ТЕМЕЛ на сите системи на функционална и перспективна држава и на модерно општество.)

Со сиот ризик да бидам обвинет за самопромоција, самофалба, претенциозност и слично (што со оглед на годиниве воопшто не ми е потребно), често се земам себеси за пример, а мислам на сите близу до мене, исти како мене и поделотворни од мене.

Нагласувам и сега:

Недозволиво е творец со грандиозно творештво, единствено на светот, да биде непризнаен и маргинализиран дома.

На таквиот тоа може да не му значи ништо, но за државата и општеството на кои им припаѓа е срамно.

ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, белешки, 85