Потребно време за читање: 2 минути

Доживување IX

Во Костец е одамна воспоставена рамнотежа помеѓу материјалниот и духовниот живот. Станува збор за затврден систем и организација што се конкретизирани со прецизна законска регулатива и лична одговорност. Постојано се надградува, но врз неа не само што не можат да влијаат политичките партии, туку е оневозможена најмала, најмаргинална интервенција од личен односно парцијален интерес. Секако дека тој процес траеше долго, дури три децении. Впрочем, како во минатото, така за жал и денес во соседниот Сивота и другите градови. Токму таа беше првата и најважни причина што над бездната која ги дели е изграден само еден мост, всушност автострада без пешачки патеки.

Имено, помеѓу нив се најразвиени трговските, во најширока смисла материјалните врски. Што се однесува, пак, на духовните, тие се одржуваат одвај. Сведени се на една-две во месецот меѓусебни посети на уметнички групи, возвратни концерти, книжевни средби, трибини, симпозиуми. Дури и меѓусебната комуникација помеѓу Костечани и Сивотачани е сѐ поретка. Постојано се отежнува со нови и нови јазични бариери.

Прочитај и за ... >>  ШТОМ ЗАОДЕВ, СЕКАКО ЌЕ ДООДАМ или СЕКИДНЕВНИ НАСТАНИ И ДОЖИВУВАЊА ВО ЖИВОТОТ НА КОРЕН СТАМЕНОСКИ СО ПРЕКАР ИМЕ, минијатурен политички роман

Костечани го паметат ставот на Име за естетските вредности во животот на младите, особено неговата заложба за поддршка и помагање на нивната секидневна борба против безвредностите кои ја наметнуваат минливоста и ја деструираат стварноста.

Оваа вечер пред Куклениот театар случајно и необјасниво се замеша во луѓе на различна возраст, млади и стари. Се разбира, на повеќето од нив тој им беше познат како мислечка личност, па го замолија да им каже што мисли за стварноста и перспективата. Тој некое време се задлабочи во мисли, па раскажа:

-Јас секогаш деноноќно ги согледувам постојаностите и промените во нашава стварност, едновремено промислувајќи ја нивната перспектива. Притоа ми е несомнено најважна рамнотежата помеѓу материјалното и духовното. Исто како на сите вам. Се обидувам во мене никогаш да не надвладее едното или другото. Затоа што најмногу влијае на смиреноста, личната расположба и меѓучовечките односи.

Ќе ви раскажам во два-три збора моја животна случка, можеби како ука и поука.

Прочитај и за ... >>  ШТОМ ЗАОДЕВ, СЕКАКО ЌЕ ДООДАМ или СЕКИДНЕВНИ НАСТАНИ И ДОЖИВУВАЊА ВО ЖИВОТОТ НА КОРЕН СТАМЕНОСКИ СО ПРЕКАР ИМЕ, минијатурен политички роман

Пред некое време на плоштадот сретнав куклар со марионети. Млад, слаб, со испиено, бледо и брадосано лице. Накај триесет години. Неговите марионети танцуваа во ритам на музика што никогаш не сум ја чул. Го прашав за неа. Благо се насмевна и ми одговори:

„Музиката е моја. Јас ја компонирав. А и марионетиве ги направив сам, без ничија помош“.

„Како да се дел од трагикомедија. И тие и музиката“, му возвратив.

Тој:

„Да, се. Уште малку, па ќе ја довршам“.

Веројатно поради изгледот го прашав:

“Гладен си?“

Ми одговори потиштено:

„И гладен и жеден“.

Го однесов во ресторанот спроти.

Оттогаш го немам видено на плоштадот. Само ќе ви докажам дека сум прилично разочаран од него.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here