Што е харизма?

Потребно време за читање: 3 минути

Што го предизвикува нашиот восхит на некој или некои во нашето опкружување, кого го следиме или радо би го следеле макар целта да не е догледна? Добриот изглед, високиот коефициент на интелигенција, умноста, знаењето, искуството, можеби духовитоста?

Откриено и научно дефинирано сознание, значи поткрепено со аргументи и факти: тоа е харизмата.

Зборот „харизма“ е грчки и значи дарба, божествен подарок. Со него се опишуваат повеќе лични особини: омиленост кај мноштво луѓе, привлечност на поголема група, способност едно лице да ги привлече, да има малку или воопшто да нема противници, и сето ова со доза на мистичност. Често како синоним се користи „предводник“.

Станува збор за квалитет на личноста кој ни дејствува како мистериозен талент, а не е тоа.

Роналд Ригио, професор по психологија на „Клермонт Мекена Колеџ“, смета дека харизмата има три главни состојки: експресивност (талент за спонтано учествување во разговор и лесно изразување на чувствување), контрола (способност суптилно да се вклопите во некое друштво) и чувствителност (дарба да слушате и сфаќате други луѓе). Вели:

„Многу харизми произлегуваат од начинот на кој комуницирате. Тоа е вашата способност да ги „фатите“ емоциите на други луѓе додека и сами ги изразувате“.

Научниците откриле дека наведените три состојки можат да се мерат емпириски низ посматрање на широко поле на несвесни гестови и изрази што ги правиме во секојдневната комуникација.

На пример, скромното количество на енергија што ја покажува нервозна и несигурна личност, која во нормални околности би се сметала за негативна, често е знак дека некој е возбуден поради разговор што го води и сака така да се почувствува и неговиот соговорник.

Кога харизматичната личност ќе стапи во комуникација, неговиот автономен нервен систем станува надразнет-вниманието е насочено и е преполно со енергија. Резултат: зборува побрзо.

Всушност, студијата од 2005. година покажа дека луѓето кои зборуваат побрзо други ги перцепираат како похаризматични од оние кои разговорот го водат полека.

Разговорот без паузи (освен понекогаш „мхм“ или „разбираш“) е најхаризматичен зашто покажува дека лицето е самоуверено и има цврсти идеи.

Харизмата исто така се искажува низ гестови, како што се климање со глава додека зборува друго лице, одржување на контакт со очи и размена на насмевки. Дозборчиња како „се разбира“ и „да, да“, кои покажуваат дека сте заинтересирани за разговор, наедно и му даваат значење на она што го изговара вашиот соговорник.

Мимиката исто така го подобрува контактот помеѓу две лица. Ако си климате или имитирате еден друг, помеѓу вас ќе „проработи“ сочувствување. Телата произведуваат ендорфини, природни опијати и стекнувате впечаток дека сте се впуштиле во синхрона танчерска точка. За тоа се заслужни „невроните на огледалото“, истите кои го поттикнуваат имитирањето во мозокот на бебињата додека го имитира мајчиниот израз на лицето.

За да го совладаат „синхрониот танц“, научниците развиле социометар, апарат кој ја детектира харизмата и ја мери во интеракција со други луѓе. Тоа е пренослива дигитална направа со големина на мобилен телефон, опремена со инфрацрвен сензор и минијатурен микрофон. Апаратот ја следи шемата на разговорот и движењата на телото, икако не снима ниеден изговорен збор.

Студиите во кои е користен социометарот откриле дека луѓето кои вклучуваат многу несвесни гестови и изрази, кои истражувачите ги повррзуваат со харизма, веројатно бидуваат поуспешни во изборот на работата или преговараат за зголемување на платата.

Со други зборови, не е важно што говорите, туку како. Ако харизматично лице ви предложи бизнис план, нема да ги знаете сите детали, но ќе претпоставите дека тоа лице е експерт и оти дејствува искрено заинтересирано за вашето мислење. Инстинктот ќе ви каже дека идејата која ви ја презентира е добра. Тоа што некој звучи како експерт, не мора да значи дека и е, но истражувачите се согласуваат дека не е во прашање глума.

Харизмата не може да се „вклучи“ или „исклучи“ по желба. Луѓето кои навистина ја поседуваат се автентични. Тоа е група на вештини, а нивната емоционална компонента е мошне тешко да се лажира.

Привлечноста на спротивностите

Бидејќи харизмата во голема мера се потпира на експресивност, контрола и сензитивност, нејзината магнетска моќ се засилува кога ќе се измеша со мистерија и неспојувачки спротивности.

Психолозите тврдат дека секое харизматично лице има две страни: истовремено е и кревко и силно, и просечно и единствено. Идеал на харизма поседуваат луѓе кои се ранливи и стоици и храбри и повлечени, со алхемија на шарм, иритантност и продорен поглед. Но дури и помеѓу прочуени луѓе како претседател на држава, водител на ток шоу програма и директор на маркетинг, харизмата никогаш не е едноставно „фрлање на маѓии“.

Професорот по драматургија и англиски јазик на Универзитетот Јејл, Џозеф Роуч, ги наведува „харизматичните однесувања“ на Бил Клинтон и принцезата Дајана:

„Еднаш го гледав Бил Клинтон како влегува во просторија во зградата на Универзитетот Јејл и со радарска прецизност го препозна лицето на кое прво требаше да му се обрне. Дајана, принцезата од Велс, тоа исто така го имаше. Таа можеше да влезе во прифатилиште за сиромашни и веднаш да знае кому му е помошта најпотребна.

Меѓутоа, парадоксот кој ја прави харизмата толку моќна лежи во следното: лицето кое пати знае дека на принцезата Дајана и треба некој за кого ќе се грижи. Тоа е повратната спрега под магијата што се случува“.

Никој не полага „ексклузивно право“ на харизматичност. На неа треба да се работи и секојдневно да се преиспитуваатг сопствените граници, за од себе да се извлече она најдоброто.

(Користени повеќе прилози на интернет)

 

Leave the first comment