земјоделски култури, zemjodelski kulturi
Photo by Tim Mossholder from Pexels
Потребно време за читање: < 1 минута

Горна граница за одгледување на земјоделски култури се дефинира како тесен појас на одредена надморска висина над која не е можно одгледувањето на каков било вид земјоделска култура. За исти растителни култури во разни области на Земјата таа е на нееднакви височини, а тоа зависи од климатската зона во која се наоѓа областа.

Со долготрајни истражувања и анализи е утврдено дека јачменот е висински рекордер. Горната висинска граница на Земјата до која е можно да се одгледува дури
Помеѓу житариците јачменот е вистински висински рекордер. Се одгледува дури на 4.646 м (во Тибет и Каеракорум). Ова се поспецифични надморски височини (освен изделената):

На големиот Кавказ и Ерменската висорамнина до 2.500 м, на Тјан-шан до 2.750 м, на Карпатите до 1.200 м, на швајцарските Алпи до 2.000 м, на Хиндукуш до 3.400 м, во Монголија до 2.100 м, во западна Кина до 4.000 м, на источните Хималаи до 4.600 м, во североамериканските Кордиљери до 3.100 м, во венецуелските Анди до 3.700 м, во колумбиските Анди до 3.700 м, на северозападните Хималаи до 4.600 м.

Прочитај и за ... >>  Израелски рецепт за земјoделство

Од другите култури:

-пченицата успева на Алтај до 1.500 м, на Тјан-шан до 2.500 м, на западен Памир до 3.300 м, на Хиндукуш до 3.400 м, на Етиопската висорамнина до 3.600 м.;

-компирот се одгледува до височина од 4.400 м во перуанските Анди, а во чилеанските Анди, во тропскиот појас, до 3.800 м..

Претходен написКако против дебелината