Потребно време за читање: < 1 минута

81. Волја за исполнет живот

Љуба конечно стана од кревет, се исправи на нозе. Речиси оздраве, благодарение најмногу на нејзината самобитна сенка. Речиси  без никакви последици од преживеаниот ненадеен мозочен удар. По колку време? По колку години? Се знае точно: по време  неизмерно, по години две ипол. Да, целосната посветеност на нејзината самобитна сенка беше пресудна, но никако не треба да се пренебрегнат вниманието и љубовта на Самобитна сенка, со кои учествуваше непосредно во создавањето-сликањето портрети, со кои ја крепеше и поттикнуваше нејзината творечка енергија, како и несебичната стручна помош на Доктор Стефан Веселовски.

Што се однесува на Љуба, на нејзината волја за исполнет живот и нејзиниот самопрегор, тие се несомнени. Впрочем, како на секоја истакната творечка личност во гратчето Прострел. Имено, токму тие се најважните, едновремено најпрепознатливите карактерни особини на прострелчани. Оние што ги анализираа,  одамна заклучија дека животот среде пустина, надземи и подземи, значи сосе климатските промени, двете годишни доба, ритамот на денот и  ноќта, растењето, созревањето и стареењето, здравјето и имунитетот се клучни за психофизичкиот опстој од една страна. Од друга, пак, создавањето вредности им е суштествена доблест.

Прочитај и за ... >>  НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Нејзината самобитна сенка, Самобитна сенка, Веселовски, нејзиниот син Аврам, пријателите и блиските познајници ја запомнаа првата гласно изговорена мисла како водилка на Љуба:

„Животот нѐ исправа пред секакви искушенија. Ги совладуваме, нѐ совладуваат времено или со трајни последици. Но волјата за исполнет живот е најсилна кога ја браниме достојноста со љубов, човештина и сочувување на личноста“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here