ЕДНОСТИ I, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 256-260

Потребно време за читање: < 1 минута

256. Голем крадец

Скришно се дофати до народно азно.

 

257. Подлизурко

Тој опстанал и опстанува зависливо.

 

258. Измеќар

Совреме главен измеќар кај туѓин.

 

259. Невремиња

Идат и си одат невремиња во човек.

 

260. Ништовен

Ништовен за ненаситен при пара.

Leave the first comment