ЕДНОСТИ I, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 271-275

Потребно време за читање: < 1 минута

271. Ни сенка

Ни сенка од човек за човек.

 

272. Без лице

Една маска без лице како маска.

 

273. Најпрвин

Најпрвин одбрана на лична слобода.

 

274. Признание

Му оддаваат признание на докажан!

 

275. Несопирливо

Граби тој кон негде со следбеници свои.

Leave the first comment