ЕДНОСТИ I, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 296-300

Потребно време за читање: < 1 минута

296. Секидневности

Повторливи нешта деноноќни.

 

297. За што

Не мора за ништо како за што.

 

298. Валта

Жална валта во самост.

 

299. Ем

Ем снеможен, ем замолчен ветар.

 

300. Идност

Сега моја во наша идност.

Leave the first comment