ЕДНОСТИ I, песни во еден стих (слушајќи говор и пој на птици), 156-160

Потребно време за читање: < 1 минута

156. Понекогаш

Стојам на ветер исправен и молчам.

 

157. Не ми е

Веќе не ми е што ми беше.

 

158. Смрт на ближен

Неснослива болка во свеста.

 

159. Блиски

Блиски со кои никогаш не сум.

 

160. По мене

По мене се, а ништо не ми значат!

Leave the first comment