Потребно време за читање: < 1 минута

1.000. Зависноста сведи ја неопходност, а независноста нека ти биде неприкосновена.*
______________
*Почитувани, со овој проблесок во мислата ја завршувам мојата осма книга „Проблесоци во мислата“. Тоа значи дека на Интернет и социјалната мрежа Facebook досега имам објавено вкупно 8.000!

Осум книги, секоја со по 1.000, а од нив објавена во печатен формат само првата, како самиздат, во минимален број примероци-50, од кои само десетина се подарени или продадени.

Може сите 8 во една? Се разбира, и би била книга со повеќе од 1.600 страници! Но, тоа нема врска затоа што останувам на ставот дека додека сум жив, а и потоа, мое дело, вклучително и ова, нема да биде објавено во книжен формат.

8. 000 се малку, доволно или многу? Искрено не знам! Само знам дека и тие, како сите други мои завршени, оформени, заокружени, „затворени“ и книжевни дела во создавање (повеќе од 50), се потврда на мое континуирано творештво што без престан трае цели 50 години.

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

Продолжувам, ја почнувам 9-тата книга „Проблесоци во мислата“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here