ПРИРОДНА СОСТОЈБА, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

26. Беспримерно

Ѝ велам јас
на една тишина
дека веќе нема
многу време
да нѐ вкоренува
длабоко
пред неименувана
трага од сон.

Наслушнуваме
гласови во писмо
на наш народ
разгромен,
скаменет.

Leave the first comment