Потребно време за читање: 2 минути

Кај јаворот се карактеристични неговите листови во разни форми, кои се привлечни со своите светли бои во летниот период, а особено се изразни во есен.

Сите мали-ниски видови на јавор поднесуваат влажно, хумусно земјиште и засенето место со изедначена температура.

Родот Acer е мошне богат. Опфаќа околу 200 видови, како и многубројни сорти. Некои видови содржат во своите сокови шеќер. Тоа се однесува на оние кои потекнуваат од Канада, а во секојдневната исхрана во форма на прилог се користи јаворовиот сок. Посебно декоративен облик има јаворот Acer palmatum со сортата Atropurpureum.

Нежните фиданки на ова стебленце имаат петделни листови, кои со доцните есенски мразеви отпаѓаат од стеблото. Лете црвената боја е нешто посветла, а во есен поинтензивна. Стебленцата нараснуваат еднакво во височина како и во широчина. Мошне е ефектно ако во заднината растат зимзелени дрвја, но е исто така декоративно пред зветол ѕид на некоја зграда.

Прочитај и за ... >>  Шарпланинец

Уште побавно од Acer palmatum „Atropurpureum” расте Acer palmatum „Dissectum“. Ова џуџесто стебленце, кое расте повеќе во широчина, е мошне погодно за садење на каменарници или во мали градини. Поради единствениот изглед и длабоко изрежаните листови, и шареното лисје често се употребува за декорација. Исто така, може да се спомне и Acer palmatum „Aureum”, чии нежни листови се мошне чувствителни на силно сонце и остри ветрови. Затоа мора да се сади на заштитено место кое, освен тоа, е и лесно засенето. Сите мали- ниски видови на јавор поднесуваат влажно, хумусно земјиште и засенето место со изедначена температура. Во такви околности лисјето на Acerpalmatuma „Atropurpureum” е со нешто помалку интензивна црвена боја.

Опишаните видови на џуџестиот јавор не поднесувааат сечење. Само понекаде можат да се исечат оголените или вкрстените гранки. Се размножува по правило со окулирање или положеници.

Сопствениците на помали градини често бараат такви видови кои нема за кратко време да ги прераснат границите на нивните градини. Затоа главно садат нежни видови во надеж дека ќе останат со низок раст. Меѓутоа, по десетина години ќе утврдат, на свое запрепастување, дека од нежното растение нараснал голем тиранин кој потиснува се живо околу себе, така што ни трева не може да успее. Во оваа група на непријатни изненадувања не смееме да го наредиме Acer negundo со шарената форма Variegatum” и Aureomarginatum”, кои се препорачуваат за садење во градини. Зелените форми на Acer negundo не се толку декоративни и се со нешто посилен раст. Меѓутоа, тие ја имаат таа предност што се поробусни и успеваат и на нешто понеповолни и слабо осветлени места.

Прочитај и за ... >>  Дали мајмуните се смеат?

Acer negundo „Variegatum” има листови со зелена боја со жолти дамки. Сончевите зраци не дејствуваат на обоеноста на листовите. Со својата светла боја овој вид значително ја оживува палетата на бои во градините, со што се постигнуваат мошне ефектни контрасти. Во безлисна состојба овие јавори дејствуваат исто така мошне декоративно со зелената боја на кората на младите гранчиња.

Најубава форма на Acer negundo е „Aureomarginatum”. Веќе според самото име загклучуваме дека се работи за лисје со златно жолти рабови. Младите пораснати се светлозелени, па создаваат мошне убав контраст петделните до седумделните листови спрема потемните форми, ѕидовите на зградите или црвената есенска боја на другите дрвја.

Acer negundo и обете негови наведени сорти се со робусен раст, отпорни се на зима, поднесуваат директно осончување, а можат да успеваат и во лесна сенка. Според видот и квалитетот на земјиштето немаат никакви барања. Ако кај шаренолисните форми избиваат зелени странични гранчиња, мораат да се исечат, оти во спротивно би прераснале во основно шарено лисје. Се размножува со окулирање на подлога со зелено лисје.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here