Помеѓу бесконечноста и бесмртноста

Потребно време за читање: 2 минути

Мудрите луѓе во минатото и денес, кои со своето дело и творештво трајно ја задолжиле човековата цивилизација, кажале, оставиле мисла или промисла за сѐ и сешто, но најчесто и најмногу како одговори на судбински, вечни прашања, како дел од минливоста на животот и вредностите во него. Сериозно-шеговито, иронично-пакосно, извртено-превртено.

Може ли кажани мудрости за различни нешта да се поврзат во „едно цело“, во нешто како порака или приказна, токму како мудрост на доказ?

Еве обид со наслов „Помеѓу бесконечноста и бесмртноста“:

Бесконечноста му се прикажува на човека како конечна, а радоста е залудно да си ја планира, без оглед на согледбата и догледбата на вредноста и амбицијата, на личната борба, на доволноста од луѓето и возможноста само со Бога. Притоа е лесно да се стане роб, не само со проклетството на богатството и сиромаштијата, туку и по женидба. Не е тешко и да се направи слепилото благословено стареејќи еден покрај друг.

Не е и не може сѐ да биде такво по негледање дали има гладен во твоето соседство, па и сосе потсвесното верување во сопствената бесмртност.

Рекле, запишано е:

1. Космосот е конечен, но без граници.
Алберт Ајнштајн

2. Ништо не е побезнадежно од планирањето на радоста.
Др. Спенсер Џонсон

3. Ако амбицијата и вредноста чекорат покрај вас, ќе станете н е к о ј.
Џорџ Сантајана

4. Мене не ми треба помош. Колку потешко, толку подобро. Најдобро работам во борба.
Никола Тесла

5. На Бога му се обраќаме само тогаш кога сакаме да постигнеме нешто невозможно. За нешто возможно ни се доволни и луѓето.
Албер Ками

6. Богатството и сиромаштијата имаат заедничко проклетство човекот да го направат роб.
Артуро Граф

7. Добро отвори ги очите кога се жениш, а после затвори ги.
Вилјем Шекспир

8. Во долгогодишниот брак постои благословено слепило за оние што стареат еден покрај друг.
Шарл Луј Монтескје

9. Пред да седнеш за маса да јадеш, погледај има ли некој гладен во твоето соседство.
Мухамед

10. Ниеден човек не верува во својата сопствена смрт, и во потсвеста секој, повеќе или помалку, е убеден во својата бесмртност.
Фројд

Leave the first comment