fbpx

Политоника, епизода 5

За вредностите, вредносниот систем и топ-листите бидејќи ‘Ова не е топ-листа’ затоа ѓто е.

За вредноста: иманенција на просторно-временската димензија на секое дело, од кој било вид, тип, жанр. Проблемот е не во нејзиното дефинирање, туку во нејзиното откривање, осознавање и експликација. Трајна вредност: вонвременска и вонпросторна димензија на едно дело.

Вреднувањето, пак, подразбира естетски критериум, стручност, компетентност. Дело што не се вреднува и превреднува (валоризира- ревалоризира) и просторно и временски е ограничено, актуелно, дневно. Дури и она што не издржува утврден или потврден естетски, вредносен критериум трае во времето и опстојува во просторот подолго и повеќе од невреднуваното.

Трајното, вонвременското и вонпросторното може, но не мора да има врска со пазарната вредност (понудата- побарувачката). Всушност, повеќе или воопшто ја нема, отколку што може да ја има. Релативна е валидноста на релацијата вредност- потреба- утилитарност.

Послушајте ја четвртата епизода од проектот Политоника.

[mixcloud https://www.mixcloud.com/Avizo/политоника-музичка-енциклопедија-емисија-5/ width=100% height=120 hide_cover=1]

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.