Перење мозок

Потребно време за читање: 9 минути

„Овие навистина ни го перат мозокот“, е фраза што ја користиме кога ни станува неподнослива некоја медиумска кампања, а особено кога очевидно се користат лаги и шпекулации само за да му се наштети на оној со кого сме, односно „да ни се отворат очите“. Може да се каже дека е таа „замена“ на Гебелсовата „Стопати изречена лага станува вистина“.

Да, кај нас подолго време се случува „двојна“ кампања: на партиите на власт (сѐ да прикажат како позитивно, а да се премолчи негативното и да се одлага неговото надминување-решавање) и на опозицијата преку нејзините медиумски „мегафони“.

Се разбира, тоа е дел од политичкиот маркетинг, и тоа во најприземна форма, без најмала лична и колективна одговорност.

Перењето мозок е проблематика со која се занимаваат бројни социолози, психолози, психијатри и антрополози, и речиси е сѐ познато и истражено: од неговото минато, методите односно техниките и нивната ефикасност, па сѐ до суптилностите денес.

Еве еден мал приказ на основните сознанија:

Перењето мозок најнапред се смета за „поробување на човечката мисла“, со што луѓето се претвораат во кукли или, во денешно време, биороботи. Тоа се прави поради пари, моќ, самодоверба, контрола на големи групи или популации.

Во книгата „Битка за вашиот ум“ Дим Сутпен дефинира три стадиуми на мозокот:
-еквивалентна фаза-кога мозокот дава иста реакција на јаки и слаби стимуланси;
-парадоксална-мозокот повеќе не реагира на слаб стимуланс, туку на посилен; и
-ултра-парадоксална фаза-конвенционалните реакции и однесување се свртуваат од позитивна кон негативна и од негативна кон позитивна.

Со напредувањето низ одделните фази, степенот на конверзација станува поефектен и покомплетен.

За да се постигне разговор постојат многу методи и начини, но сите имаат заеднички прв чекор, а тоа е да дејствуваат врз емоциите на индивидуалецот или групата додека не дојдат до критичната маса, односно степен на бес, страв, возбуда или нервозна тензија.

Историјата на перењето мозок има мошне интересни моменти, ситуации и случувања. Еве некои:

Во Русија во 1955. година е објавена книгата „Перење мозок: Синтеза на руски прирачници за психополитиката“. Во неа темелно се елаборираат методите на Иван Павлов, руски психијатар кој ја втемелил теоријата на реакциона положба на експерименти со кучиња. Таа се сведува на претставата дека луѓето, како и кучињата, во суштина се стимулациски причинско-последични механизми.

Утврдено е дека со хипноза, но и со помош на емоционален шок, контузии и дроги може да се индуцира акутен страв. Тие методи ги проучувале терористи, како што е психијатарот Д-р Азиз ал-Абуб и „Шакал“ во кампот „Патрис Лумумба“ и подоцна ги експортирале на Блискиот Исток и на други места.

За време на советската ера во кампот и во „Ленин институт“ поучувале студенти од социјална психологија за методите на невооружена борба и герилски начин на војување. Подоцна ги испраќале во специјализирани центри за обука. Се претпоставува дека помеѓу 1968. и 1975. година 2.500 терористи и герилци биле обучени. Помеѓу другите центри позначајни се „Тависток институт“ во Берлин и Франкфуртската школа.

Модерната верзија на перење мозок се нарекува сензитивен тренинг и е воведена на Запад во 1940-тите и 1950-тите. Ја втемелил Курт Левин, германски психолог кој емигрирал во 1933. во САД, каде што станал професор по детска психологија. Го користи терминот Т- групи, Т- како тренинг. Негов резултат е основањето на Nacional Training Laboratories (NTL), во 1947. година.

Психологот Ед Шејн ги проучувал техниките на перење мозок во Кореја и се занимавал со сензитивниот тренинг, а своите резултати ги усогласил со оние на Павлов. Перењето мозок го дефинирал како процес од 3 степени или фази:

1. Одредување
Го издвојува лицето од навикнатите рутини, изворите на информации и социјалните односи. Тогаш ги минира нормалните социјални структури, го понижува поединецот така што самиот себе да се гледа како невредно лице и го мотивира да се промени. Овој процес подоцна е преземен и се употребувал во комунистичка Кина во обидот да се всадат вредностите на движењето во младите заробеници;

2. Менување
Водење на поединецот кон нови сознанија;

3. Заледување
„Вградување“ на нови вредности и сознанија во остатокот на персоналитетот.

Денес сензитивниот тренинг се користи под други имиња: групна терапија, конфликтен менаџмент, планирана промена, конфликтна резолуција, социјална психологија итн.

Во 1999. година германски психијатри јавно признале дека психијатријата ја изродила еугениката и расната инфериорно/супериорна идеологија три децении пред нацистите да дојдат на власт (1933.). Познато е, идеологијата нив ги претвори во масовни убијци.

Во 1895. германскиот психијатар Алфред Плоец и Карл Биндинг ги објавија своите теории за расната инфериорност, во книгата „За состојбата на нашата раса и протекцијата на слабите“. Во 1909. Плоец го формира Германското друштво за расна хигиена. Неговата теорија се засноваше на тоа дека според неговото мислење уништувањето на невредниот живот е „само здравствен третман“.

Во 1920. психијатарот Алфред Хук ја напиша книгата „Допуштање за уништување на живот кој не е вреден да живее“. Во неа тој се залага за евтаназија на ментално заостанатите. Книгата, заедно со уште неколку други, помогна да се постави научна основа за програмата на расна пурификација.

Во 1933. е донесен „Закон за стерилизација“, чиј автор е Ернес Рудин.

Во 1934. е направен прв чекор во психијатриската еугеника: стерилизација и кастрација на оние што биле биолошки осудени како дефектни. Тоа ги вклучувало ментално и интелектуално хендикепираните, хомосексуалните лица и црнците. Се проценува дека од 1934. до 1945. година се стерилизирани 350.000 луѓе.

Се издвојуваат методите кои биле користени во Центарот за перење мозок во Хуангпу, област Гуангзу, провинција Гуангдонг и советските (на поранешниот Советски сојуз).

Во спомнатиот кинески центар за извршители/испитувачи биле користени невработени луѓе од улица кои имале улога на „луѓе со секира“, т.е. одгледувачи. Тие нехумано ги мачеле следбениците на Фалун Даф, кои биле уапсени и доведени во центрите за перење мозок. Професорот Менгје Ѕанг ги опишува методите што ги користеле:

Депривација на сонот
Не било допуштено да се спие ноќе; до полноќ биле принудени да читаат книги кои го обезвреднувале Фалун Даф, а подоцна гледале филмови до утрото; некои не спиеле 4 дена и 4 ноќи;

Казна на стоење во позиција на коњ
Биле принудени да стојат на една нога 4-6 часа; кренатата нога цврсто притисната за телото, а рацете испружени; во меѓувреме ги тепале по рацете и телото;

Нурнување во вода и обид за давење
На следбениците со лисици им биле врзани рацете на грбот и им ги ставале главите во канта со вода; ги принудувале да пијат големи количества на вода и им ставале крпи в уста да не дојдат до здив. Друга варијанта: им ги ставале главите во тоалет и го повторувале наведеното.

Со сила хранење со алкохол и феферони
Оние кои започнувале штрајк со глад ги „полнеле“ со вино или екстракт од жешки пиперчиња со соја сос. Прво ги врзувале и им ги отворале устите со закачалки за капути или дури со метличка за чистење на WC школка, а потоа им го влевале наведеното и им ги затворале устите со крпи. Понекогаш им ги корнеле ноктите за време на хранењето.

Спреј од феферони в очи и в нос
Во таа покраина летата се доста жешки, до 39 степени Целзиусови. Ги покривале со две дебели волнени ќебиња, до вратот. Ги пуштале еднаш наутро да отидат в нужник.

Останато
Имало методи како тепање со железни шипки или со камшици, повлекување за коса, залевање со вода на оние кои биле во несвест за да се разбудат за нова доза, удирање со парче дрво по глава цела ноќ, корнење на нокти со клешти…Понекогаш ги мачеле во изолирани соби.

Останатите можеле само да слушаат врисоци и трагични викотници на затворениците. Оние кои не подлегнуале на ваквите тортури едноставно исчезнувале преку ноќ.

Постојат две главни групи на методи на менување и контролирање на човечкото однесување: психолошки и фармаколошки. Русите биле заинтересирани за обете. За поголема група на луѓе и контрола на подлг период првите методи се подобри. Вторите се попогодни за контрола над поединец. Ниедна група не е ефикасна за контролирање на поединец на подолг период.

Русите повеќе се концентрирале на фармаколошките методи- експериментирале со хемикалии како LSD-25, амфетамини, наркотици, за хипноза и др.

Психолошкиот аспект на перење на мозокот не ги вклучува само повторувањето и тренингот, туку и хипнозата, депривацијата, изолацијата, создавањето на чувство на вина, закани, социјален притисок итн.

Други психолошки оружја за модифицирање на нормални човечки функции се постот, диета богата со шеќер, физичка нелагода, регулација на дишењето, пеење на мантра за време на медитација, специјално осветлување и звучни ефекти. Исти ефекти можат да се постигнат со помош на шок терапија или намерно спуштање на нивото на шеќер во крвта со инјекции на инсулин. Се изделуваат некои понови трендови во Русија:

а) мултидисциплинарен пристап во комбинација со биолошки, социолошки и физичко- математички истражувања, во обид за подобро разбирање и контрола на човечкото однесување спрема национални програми;

б) комбинација на претходниот мултидициплинарен пристап со модерни информатички теории, автомат теоријата и концептот на повратна реакција во интерпретацијата на механиката на „втор сигнален систем“. Употребата на таквиот систем и информации наместо електроди, хемиски агенси и езготични техники е поприменлива врз поединец одошто врз група.

Понекогаш се употребуваат методи како што се депривација на сон, дроги за менување на мисли, „love bombing“ (позитивна повратна реакција спрема испитувачот), голема лага, непрестано повторување, двоен говор (употреба на зборови така да значат нешто сосема друго, а за да се спречи кохезивно размислување), сексуална стимулација, group-thinking (цела група го вовлекува поединецот во одреден ментален склоп), создавање на непријатели, апсолутна контрола над протокот на добиените информации…Поради тоа овие техники ги нарекуваме перење на мозок. Создадени се за на поединецот да му дадат целосна контрола над мислите и однесувањето на поединец или група. (Некои од нив „на големо“ ги применуваат веќе неколку месеци кај нас токму спомнатите медиуми врз своите ТВ гледачи и читатели.)

Мораме да имаме на ум дека овие методи дејствуваат само ако група му го дава на поединец она што најмногу го бара и ако му се всади страв од непослушност.

Техниката на перење на мозок се користела со векови и би можела да се дефинира како ре- едукација на основни убедувања и вредности без согласност на односно лице.

Сите сме искусиле одреден степен на внатрешен конфликт кога нова информација е во контрадикција со поранешни убедувања. Поедноставено: одредена информација се всадува, под контролирани услови, кога ќе ја отстраниме способноста од критичко евалуирање.

Иако е веројатно дека можеме да всадиме нови убедувања во лице кое е доведено во така конфузна и хаотична состојба, тоа не смееме да го генерализираме врз сите, зашто реакцијата може да биде различна од поединец до поединец. Уште на стартот треба да сфатиме дека човечкиот ум е втемелен врз физички закони како и остатокот на светот. Тој е логичка машина- ги поседува истите својства што го прават подложен како на пропагандата, исто така и на контрапропагандата.

Постојат два начина да се изградат убедувања: докази од аксиоми (со дедукција) и пропагандни методи.

Методите на перење на мозок можат да се дефинираат како:

-секоја технологија која служи за манипулација со човечкото мислење или акција против желба или со знаењето на индивидуалецот;
-контрола на психичкото и социјалното опкружување на индивидуалецот;
-уништување на неговата лојалност спрема, на пример, брачниот партнер, семејството, црквата, партијата, државата;
-да му се демонстрира на поединецот дека неговото однесување и обрасците на мислење се неточни и мора да ги промени;
-создавање на лојалност и послушност на друг поединец или група без приговор;
-изолација на индивидуалец од семејство, соработници, извори на информации итн.;
-поттикнување на послушност и понизност со создавање на лојален систем со строги правила;
-примена на строг социјален притисок и воведување на поединецот во систем на награди и казни, за групата или поединецот да добијат кооперација без приговор;
-својствено сезнаење и севидување;
-чувство на припадност така што го убедуваат дека и припаѓа на нивната есенцијална група;
-подготвеност за работа за група.

Како основни методи на перење на мозок се сметаат:

Всадување на однесување
Процес кој луѓето ги прави имуни на промени на нивното однесување, изложувајќи ги на мали дози на аргументи спротивни на нивната позиција. Тој процес дава објаснување на однесување, аргументи и убедувања на противникот. Објаснувањата можат да бидат крајно пристрасни и неточни, но поради изворот на информации можат значително да придонесат за кредибилитетот на вредносниот систем.

Всадување на страв
Процес кој исто така ги прави луѓето имуни на обиди за промена на однесувањето, со изложување на последиците (често неверојатни и бесмислени) при отфрлање на еден систем на убедување поради друг.

Креативна интерпретација на ситуацијата
Процес на покорување така што поединецот се опсипува со доволен број на информации кои ја објаснуваат неговата посебна ситуација за да е согласна со системот на верување, со што повторно се стекнува кредибилитетот на поединецот и со тоа се забрзува убедувањето на останатите во одреден систем. Мотив се повеќе парите одошто регрутирање на нов член, но техниката е иста.

Креативна интерпретација на историјата
Интерпретирање на историјата на таков начин што е соодветен на системот на верување. Со тоа повторно се стекнува доследност и кредибилитет.

Селективна слика
Тенденција на признавање само на оние работи кои му одат на рака на вредносниот систем. Се што противречи е интерпретирано како сосема ирационално.

Грешка на грушното мислење
Признавање на одреден систем поради повеќето членови во таа група. Ова се заснова на вербата дека голем број на членови или цела група не можат да не бидат во право.

Објаснување на дејството на методите:

Изолација
Депривација на социјалната поддршка, ефикасно средство против отпор. Поединецот е зависен од испитувачот, а се создава интензивна грижа за самиот себе. Со изолацијата се создава потребно околина за почеток на перење на мозокот, се издвојува од реалната состојба на работите.

Монополизација на перцепцијата
Вниманието се насочува на моментни предвидувања, ги елиминира стимулансите кои не ги контролира испитувачот. Ги фрустрира акциите кои не се во согласност со покорувањето. Се создава чувство на одење по јајца, се станува важно во термините како групата или поединецот ќе реагира. Сите желби, чувства и идеи стануваат неважни. Кога однесувањето на испитувачот резултира со катастрофални последици, како што се случува често, виновни се поединци.

Исцрпување
Луѓето се уморуваат од тензија, страв и константна фрустрација за да го задоволат односниот испитувач. Често не смеат да покажуваат никакви чувства (страв, тага или бес), зашто тоа резултира со казна или потсмевање.

Повремена награда
Дава мотивација за покорување. Се покажува утеха и сочувство над ситуацијата на поединецот и тој се убедува дека ако се покори се ќе престане и ќе биде убаво.

Подоцнежни психолошки последици кај лицето:

-немирна депресија- тажни, преплашени, потиштени поединци, избегнување на средби, упаѓаат во големи возбуди кои не можат да ги објаснат;
-anorexia mentalis- недостиг на тек предизвикан од страв од каков било физички допир со други луѓе;
-општа нестабилност и вознемиреност- не можат да мируваат ниту миг, тешко е да се натераат на разговор.

И конечно главното, клучното прашање:

Како да се стане имун на перење мозок?

Треба да се сфати дека вредносните системи не се ништо повеќе од мислења, дека секој ги има. Не смееме грчовито да се држиме за вредносниот систем, да се плашиме да го промениме.

Leave the first comment