Потребно време за читање: 2 минути

Основата на пазарот на капитал (англ. capital market) е долгорочниот капитал, односно купопродажбата на долгорочни хартии од ведност. Тој е дел од финансискиот пазар кој го опфаќа и пазарот на пари. На пазарот на капитал претпријатијата се снабдуваат со капитал за финансирање на нивните развојни програми, што е од исклучителна важност за работата и проширувањето на нивната дејност.

Постојат неколку главни дејанија на пазарот на капитал. Од нив најважно е вршењето на пазарно вреднување или капитализација на претпријатијата, а врз основа на курсот на хартиите од вредност.

Во најширока смисла се разликуваат договорен пазар или пазар на кредити, и пазар на вредносни хартии кој се смета и за пазар на капитал во потесна смисла.

Најзначајни инструменти со кои се тргува на пазарот на капитал се акциите и обврзниците.

Постои организиран и неорганизиран пазар на капитал. Организираниот се остварува преку берзите и шалтерите на банките (англ. over the counter market), а во неорганизираниот не важат берзанските правила и прописи. На организираниот пазар (се нарекува и службен) се котираат хартии од вредност на познати, големи и реномирани компании.

Прочитај и за ... >>  Бизнис, деловна способност, ризик

Помалите претпријатија учествуваат на неорганизираниот (неслужбениот) затоа што не ги исполнуваат условите за тргување на берзите. На него се врши купопродажба на расположливи финансиски средства на оние што нудат и оние што имаат потреба од капитал. Нивните врски се воспоставуваат преку директни деловни односи.

Пазарот на капитал може да биде примарен и секундарен. На примарниот се врши продажба на нови емисии долгорочни хартии од ведност, односно акции и обврзници, а на секундарниот се врши купопродажба на веќе еднаш емитирани хартии од вредност, што значи дека тие само го менуваат сопственикот.

Берзите на вредносните хартии и ефектните берзи се најзначајните организирани пазари на капитал. На неего важна улога имаат финансиските посредници и посредниците при купопродажбата на вредносни хартии. Тоа се специјалисти за купопродажба на вредносни хартии- брокери, инвестициони куќи, банки и други финансиски организации, како и инвестициони банкари.

Треба да се нагласи дека пазарот на капитал е еден од механизмите во рамките на финансискиот систем преку кој се врши алокација на слободните финансиски средства, а пред се за инвестициони цели. Освен тој, постојат уште два механизма: финансирање преку фискалниот систем и самофинансирање.

Прочитај и за ... >>  Економски науки

Во многу земји постои државен орган наречен „Комисија за хартии од вредност“, кој врши контрола на емитирањето и тргувањето со хартии од ведност, и воопшто работата на берзите, со цел да се спречат евентуални неправилности и шпекулации, односно да се заштитат интересите на инвеститорите купувачи на долгорочни хартии од ведност.

 

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here