Потребно време за читање: 4 минути

Таа мошне често се дефинира како „оној дел од науката за книжевноста кој служи како спојница помеѓу книжевното дело и читателот“. Почивајќи на оние поставки до кои дошла теоријата на книжевноста и естетиката, книжевната критика има за цел што подлабоко да ги открие оние значења и убавини што се содржат во одделни конкретни книжевни дела, за да им го олесни на читателите нивното што поцелосно разбирање и што пополно уживање во нив. Вршејќи ја таа функција, книжевната критика истовремено врши и оценување на книжевните дела, како што подготвува нови факти за натамошни теоретски обопштувања на теоријата на книжевноста и естетиката. Затоа што книжевната критика не смее да ги оценува книжевните дела само врз основа на оние знаења до кои теоријата на книжевноста веќе дошла, туку мора да биде чувствителна и за сите оние нови особини кои книжевното дело ги има во себе. Уште помалку книжевната керитика смее да биде догматична, т.е. да ги оценува книжевните дела врз основа на некоја еднострана и тесна книжевна теорија, туку мора да биде научна и активистичка, т.е. мора да го оценува книжевното дело врз основа на пошироко познавање на модерните научни теоретски знаења за природата на уметничките дела и врз основа на способноста на критичарот да ги согледува новите насоки во уметничкото создавање на оделни писатели.

Некои теоретичари и го одрекуваат правото на книжевната криика да се смета за наука затоа што опри толкувањето на книжевното дело голема улога игра субјективниот вкус на критичарот. Притоа се повикуваат на тн. импресионистичка критика. Меѓутоа, и импресионистичката критика тргнува секогаш, макар и премолчено, од одрердени теоретски ставови, од одредена естетика. Целата работа е во тоа дали тие ставови се на одредена висина на модерните научни теоретски знаења. Ако се, тогаш таквата критика нужно влегува во областа на науката за книжевноста, а нејзините откритија на нови особини на книжевните дела можат да бидат дотолку поплодни, доколку духот на критичарот е поинвентивен, со што и дава драгоцен материјал на теоријата на книжевноста за нејзини обопштувања (Д-р Драгиша Живковиќ).

Прочитај и за ... >>  За времето како филозофски поим

Во таа смисла книжевната критика се сфаќа, освен како теорија и историја на книжевноста, како еден од трите основни делови, една од трите дисциплини на науката за книжевноста. На пространото подрачје на науката за книжевнота, која го проучува книжевното дело како во неговата уметничка автономија, така и во неговата историска условеност, книжевната критика стои на оној пол од науката кому главен предмет на истражување му е самото книжевно дело. Настојувајќи тоа дело да го окарактеризира, критичарот со самото тоа му дава одредена оценка; но начинот на оценување ќе биде различен според тоа дали критичарот зборува за книжевно дело на своето доба, во најшироката смисла на зборот, или за дело на минатото. Како критичар на дело на своето доба, критичарот зборува во име на многумина кои делото го читале или кои ќе го читаат. Тој е во некоја рака идеален читател. Во тој однос и писателот и критичарот се делови од ист човечки свет, членови на иста човечка заедница, па неговото вреднување треба да одговори на прашањето дали писателот во своето дело навистина проговорил од душата на своите читатели или не. Во тој час книжевното дело се уште не влегло во историјата; општествената функција на критичарот се состои во тоа неговиот вредносен суд да одлучи за тоа дали објавеното дело ќе влезе во историјата на книжевноста или не. Се разбира, критичарот може да се излаже во својот суд, а такви примери во историјата има многу. Меѓутоа, ако книжевното дело веќе влегло во историјата и станало факт во историјата на книжевноста на одреден народ или, дотолку повеќе, факт на светската книжевност, функцијата на критичарот станува поинаква; неговата должност сега е да ја открие и изложи структурата на книжевното дело.

Прочитај и за ... >>  За чудесната моќ на кристалите и нивното одржување

Во спротивност со мислењата дека книжевниот текст се разликува од некнижевниот во суштина само со начинот како го доживува читателот, сгтруктурализмот тргнува од уверувањето дека книжевниот текст се разликува од некнижевниот со својата структура. Први чешките стручњаци, дел под влијание на руските формалисти, најизразито Јан Мукаржовски, го вовеле поимот на структурата во науката за книжевноста; ги следеа ученикот на Хусерл, Полјакот Роман Ингарден, со науката за многусложноста на книжевниот текст, и Германецот Намбургер, со утврдувањето на логичка, т.е. структурна разлика помеѓу епската и драмската книжевност, од една, и лирската од друга страна, како и разликите на едните и другите од некнижевниот текст. Тие структурни особини се независни од секое оценување, но тие се теоретски ставови на кои почива можноста за оценување. Структурните особини на книжевното дело се латентни, како што учи Ингарден, па не мораат да им се откријат на првите читатели, ниту на првиот критичар. Ако естетичката дистанција, како што учи Јаус, помеѓу новото дело и хоризонтот на исчекување на читателот е мошне голема, делото на почетокот ќе остане несфатено; во истата година кога се појавил Флоберовиот роман „Мадам Бовари“ (1857) е издаден и романот „Фани“ на неговиот пријател Фејдо. И покрај процесот против Флобер поради наводен неморал на неговото дело, неговиот роман останал незабележан, додека Фејдо доживеал незапаметен успех. Денес Фејдо e целосно заборавен.

Прочитај и за ... >>  Надреализам

Структурната анализа е главен теоретски став во оценувањето на критичарот на дела од минатото ако тие, како што со право нагласува Гадамер, со непрекинатиот синџир на традицијата се поврзани со современата книжевност. Ако новинската критика на современите книжевни дела главно се заснова на оценување, изделувајќи ги, по правило, со груби мерила сосема неуспешните книжевни дела од оние кои според мислењето на критиката се вредни за вниманието на читателот, критичарот со научни претензии денес на себе си си поставува прашање дали треба тој да се занимава со современите дела или тоа не е негова работа. Книжевните дела на минатото тој може да ги посматра во историска перспектива: тој гледа, не само, како и кај современите дела, во каков историски след се развиле тие дела, туку и кои се одржале, а кои не, односно кои нивни структурни карактеристики се покажале плодни во идниот развој. За тоа кај современата книжевност не може да се суди. Но и тие дела и се пристапни на структурната анализа, која ќе биде сигурен теоретски став на критичарот во неговото проучување на тие дела.

(Промислување на Д-р Зденко Шкреб)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here