Древни цртежи укажуваат дека скијањето го измислиле Кинези
Цртежи со ловци на животни пронајдени во северозападна Кина можат да бидат доказ дека Кинезите скијале уште во старото камено време (до 35.000 години пред Христос), јавија кинеските медиуми. На цртежите во планината Алтај, во автономната покраина Џинјанг, се прикажани луѓе кои ловат додека скијаат, па според тоа археолозите докажуваат дека тоа подрачје било место на кое се скијало пред 100 до 200 века.Ванф Бо, истакнат истражувач од Покраинскиот музеј во Џинјанг, тврди дека на еден од цртежите се прикажани 4 лица покрај стока и коњи, од кои тројца на нозете имаат долги штици и дрвени стапови на рацете.
Експертите тврдат дека скијањето е измислено на планината Алтај
Еден Австриец ќе остане забележан во историјата на скијањето – скијал 9 дена без прекин
Австрискиот спортист Јозеф Ресник (52) го собори светскиот рекорд во издржливост скијајќи непрекинато 9 дена. Тој цели 240 часа скијал на патеката Шорши во Австрија, правејќи пауза само за да отиде во тоалет, нешто да јаде и да се истушира за да се затопли.Ресник на тој начин го собори рекордот на Германецот Кристијан Флир кој скијал непрекинато 222 часа.