Арнолд Хаузер е австриски етсетичар и историчар на уметноста, од унгарско потекло. Ја нагласува потребата од социолошка анализа во историјата на уметноста, но еедновремено е свесен за границите на социолошкиот метод. Според него, ние „претвораме во модерна уметност секоја уметност спрема која сме во вистински однос“. Судбината на масите и судбината на уметникот е неразделно поврзана со сдубината на современата борба за ослободување на човекот.
Во својата позната студија „Социологија на уметноста“ Хаузер, меѓу другото, зборува и за привилегијата на образованието и вредноста на високата уметност.
Пренесуваме акценти од неговото промислување:
„Според меродавни образовни слоеви, при сегашната состојба на културниот развој можат да се разликуваат народна уметност, популарна уметност и уметност на општествената елита.
Под народна уметност треба да се подразбира поетското, музичкото и ликовното создавање на наивните, главно селански, а не градски-индустриски работници, кои во тие, ним примерени уметнички дела, не учествуваат само како рецептивни субјекти, туку секогаш и како продуктивни, иако никогаш не истапуваат во својство на творци и не полагаат важност на личното авторство.
Како популарна уметност го сметаме масовното уметничко или на уметноста слично производство што им одговара на потребите на полуобразованата, а често и расипана градска публика. Додека во народната уметност производителот одвај се разликува од потрошувачот, и границата помеѓу нив не е остра, во популарната уметност наоѓаме во суштина нетворечка, сосема пасивна публика и професионално производство зависно од побарувачката.
Иако е голема разликата помеѓу народната и популарната уметност, веќе според фактот што народната расте од кругот на своите приемачи, а популарната, како што се водвиљот, шлагерот, рото-романот, мелодрамата и слично, ја создаваат професионални писатели кои потекнуваат од повисоките општествени класи за кои остануваат врзани, постои темелна разлика која лежи во околноста што и публиката на тие две категории е различна. Час поактивни, час попасивни, учеснциите во народната уметност се полуобраозваните жители ширум земјата, жителите на селата и селските имоти кои не се секогаш и аналфабети, додека читателите и потрошувачите на расказите на ужасот, шунд-романите, стриповите и репродукциите на слики повеќе им припаѓаат, за разлика од авторите на тие дела, на пониските слоеви на населението од помалите и поголемите градови, на слоеви кои во секој поглед се раликуваат од образованите.
…
Големите уметнички дела се движат околу смислата на животот, околу условот conditio humana, околу цената достојна за човековиот опстој; тие бараат важење на вредности што служат како критериуми за разликување на доброто од злото, подоброто од помалку вредното. Нивното значење не лежи во одговорот што го даваат, туку во прашањата што ги поставуваат. Од нивниот аспект се укажуваат проблемите на поедионецот и општеството во посеопфатна перспектива, а претпоставките на вистинскиот живот во покомплексен склоп; под нивното дејство чоекот подобро се разбира себе си и другите. Ти го принудуваат човекот „да го промени својот живот”. Тие стануваат повод човекот да се преиспита и да донесе за себе суд…
Големите дела на уметноста не одговараат на духот и вкусот на просекот, како ниту на едноставниот, наивен и здрав човечки ум”.