НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

401. Ридје

Во ридјево многу тајни
и знаци на опстој вековит.

402. Кловн

Еден кловн со тажно лице
веќе никого не засмејува.

403. Нервоза

Празни и излишни зборови
истура врз онемени послушни.

404. Замисла

Конечно се размотува
игра пакосна на виделина.

405. За правина

Еден за правина е
од сите препознаен.

Leave the first comment