НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

361. Во туѓа земја

Колку ли ќе бидам јас
за сите што сум дошлак?

362. Ме има

Сѐ уште сум гласен
во својата сенка.

363. Одговор

Не ме праша совреме, па
не можам да ти одговорам.

364. Досетка

Ти со исправено тело,
а мене ми е сѐ преку глава.

365. Гладник

За корка леб
меѓу луѓе молежлив.

Leave the first comment