Непозната оставнина на Франц Кафка

Потребно време за читање: < 1 минута

Експертите допрва треба да ги проучат купиштата порано невидени забелешки, разгледници, цртежи, кои собирале прашина во Тел Авив, во стан на поранешна секретарка на пријателот на Кафка, Макс Брод.

Од смртта на Брод во 1968. година документацијата била во посед на Естер Хофе, секретарка на Брод и љубовница која со години одбивала кому било да му ги покаже.

Израелските медиуми објавија дека некои од Кафкините хартии таа ги продавала на јавни аукции, а други се прокриумчарени од Израел и ставени во сефови во Швајцарија.

Таа го продала ракописот на најпознатото дело на Кафка „Процес“, во Лондон во 1988. година за милион фунти, објави британскиот печат.

Израелските власти еднаш ја уапсиле, кога наумила да ја напушти земјата носејќи некои хартии. Научниците сметаат дека сепак ѝ успеало да го прокриумчари она што е клучно.

Хофе умре во 2010. година, одживеа 101 година, оставајќи им го станот на двете ќерки. Ќерките Рут и Хава, обете во 80-ти години, ќе ја одредат судбината на документите, за кои се верува дека му припаѓаат на славниот писател.

Прочитај и за ... >>  Пабло Пикасо

Меѓутоа, во израелските медиуми се наведува дека на експертите веќе им е дозволено да ги погледаат и сега се чека исходот.

Израелски професори велат дека е тоа нешто како скриено богатство и најавуваат дека целиот свет ќе биде среќен да дознае нешто повеќе за животот на Кафка.

Брод ги сочувал документите покрај желбата на Кафка да се изгорат по неговата смрт. Прокриумчарени се во два кофера од Прага во 1939. година, во тогашна Палестина под британски мандат.

Израелските медиуми потсетуваат дека Кафка умре од туберкулоза во Виена во 1924., во 41-та година.

Израелските власти стравуваат дека влагата во станот и бројни домашни миленици, кучиња и мачки, ги уништиле Кафкините хартии.

За објавените Кафкини дела е заслужен токму Брод, зашто писателот ретко ги завршувал, објави Би-Би-Си.

Leave the first comment