Во конкурентската пазарна економија перформансите на една компанија секогаш ќе бидат во некоја мера под влијание на успехот на други. Многумина менаџери се опседнати од знаењето затоа што тоа ја поткрепува илузијата дека деловниот свет е управуван со законите на природниот свет, а не со каприциозноста на човековата природа. До 2002. година Nokia имаше водечко пазарно учество во продажбата на мобители, кое почна да опаѓа и покрај нејзините понапредни уреди, поефикасен набавен синџир и подобар квалитет.
Во книгата When bad things happen to good people, Abraham Kushner напиша дека луѓето сакаат светот да биде праведен, фер и предвидлив. Тие постојано ја бараат врската помеѓу причините и последиците „очајнички стремејќи се кон наоѓање на смисла во се што се случува“. Тоа е природна човечка желба, но, како што забележува Kushner, таа наша желба никогаш нема да биде сосема забележана.
Вселената знае да биде непредвидлива, а секое дејствување не мора секогаш да има причина или ние не мораме да ја препознаеме. Истото вреди и за бизнисот. Менаџерите сакаат да веруваат дека деловниот свет е предвидлив и одредени дејствувања водат до одредени резултати. Поради тоа не е изненадувачко што голем дел од она што за работата го напишале стручњаци, публицисти, менаџерски гуруа и професори, оди во прилог на желбата за сигурност и извесност. Многу написи и книги тврдат дека менаџерите, ако следат одредени чекори или формули, ќе постигнат успех и големи резултати.
Некои од најголемите бестселери во последниве години предлагаат нацрти за траен успех, решенија кои нудат непробивен начин за доминирање со пазарот или начини конкуренцијата да се направи ирелевантна. Во таа поплава од разни книги и студии кои нудат спасоносни решенија, а во последниве години ги има се повеќе и на нашиот пазар, има се, од извонредно воочени проблеми, поттикнувачки размислувања и сериозни теоретски разгледувања, до книги во кои врие од неточни перцепции на природата на деловниот свет.
Како човек да се снајде во сето тоа, како да се разликува она што во работата може да ни помогне од она што може да не одведе во погрешен правец или да ни подари лажно чувство на сигурност? Тука нема сигурен рецепт, но има неколку работи на кои треба да се обрне внимание, секогаш имајќи во вид дека ниту една книга не може да ни понуди сигурно решение за нашиот проблем, ниту за успех, а може само да поттикне на пронаоѓање на добра насока.
Успехот зависи само од нас
Една од најпривлечните тврдења во многу бестселери е дека успехот на некоја фирма зависи исклучиво од нејзиното однесување, независно од однесувањето на другите фирми. Успехот, велат некои деловни гуруа, во многу е работа на избор. Фирмите можат да избираат да бидат големи. Пораката дека мојот успех зависи исклучиво од мене, а не и од работите околу мене, е инспиративна. Но тоа едноставно не е точно. Зашто бизнисот не функционира на тој начин.
Во конкурентската пазарна економија перформансите на една компанија ќе бидат секогаш донекаде под влијание на успехот на други, Така во 2002. година Nokia имаше водечки светски пазаришен удел во продажбата на мобители од 35%. Профитот и растот беа високи, а цените на акциите растеа в небо. До 2004. нерјзините приходи застанаа на 36 милијарди долари, маржите се намалија, а пазаришниот удел е под 30%, што предизвика и пад на цените на акциите. Дали тоа се случи затоа што мобителите на Nokia станаа полоши?
Според повеќето објективни мерила, токму спротивното-
Nokia се подобри, мобителите беа понапредни, набавниот синџир поефикасен, квалитетот подобар.
Поради тоа стагнирањето на Nokia мора да се посматра во светлината на растот на нејзините конкуренти, како што се Sony Ericsson, Samsung, Motorola и Black Berry, односно со имање предвид на вкусот на купувачите, но и падот на растот на пазарот.
Не е добро да се размислува за успехот на компанијата во апсолутни рамки, во пазарната економија успехот е секогаш релативна работа. Компаниите се натпреваруваат за наклонетоста на муштериите, за капитал, за вработени, а нивниот успех зависи од други. Компаниите можат да се подобрат на многу објективни начини, како што се подигнување на квалитетот, намалување на трошоците, скратување на времето на производство или со подобро управување со средствата, но ако ривалите се развиваат побрзо, покрај се ќе имаат проблеми.
Илузијата на апсолутната успешност ни го одвраќа вниманието од фактот дека успехот во работата значи да се работи подобро од конкурентите, не само да се работи добро. Тоа е сериозен проблем, оти може да доведе до занемарување на конкуренцијата и до избегнување на донесување на одлуки кои, иако се можеби опасни, можат да бидат пресудни за опстанокот на компанијата. Верувањето во предвидливоста на успехот со внимателно извршување на некоја формула може да биде причина за сериозни промашувања.
Добрите одлуки можат да се покажат лоши
Втора измама во која сакаме да веруваме е дека добрите резултати произлегуваат од добрата работа, а неуспехот произлегува од нечија грешка. Тоа е мошне раширено верување. Една понова книга, која се повикува на неодамна спроведено истражување на 100 компании, пати токму од оваа грешка. Така, по набројувањето на примери на лоши резултати, заклучува дека во тие случаи е направена грешка. Компаниите се обвинети или дека работеле погрешни работи или дека работеле добри работи, но на лош начин.
Никаде не е изнесена третата можност, според која менаџерите донеле добри одлуки кои на крајот испаднале лоши оти во меѓувреме се промениле околностите. Зашто, во светот на неизвесноста дејствувањето секогаш не доведува до предвидливи резултати. Тука е пак добар примерот на Nokia. Кога нивната успешност падна од 2000. до 2004. година, беше примамливо да се заклучи дека некој некаде погрешил. Набрзо деловните магазини почнаа да пишуваат дека директорите погрешиле оти не го усвоиле концептот на преклопни мобители и не го следеле трендот на прилагодување на мобителот на логотипите на мрежните оператори.
Но, ако ја препознаеме основната неизвесност која ги опкружувала тие одлуки, не е баш сосема извесно дека тие одлуки биле погрешни. Тоа што некои избори нема да испаднат добро, не значи дека нужно биле погррешни. Во деловниот свет, како впрочем и во животот, инпутите и резултатите се несовршено поврзани. Да се пати од улизијата на инпутот и резултатот на тој инпут може да биде сериозен проблем, оти сугерира дека лошите резултати, како функција на извесноста, се производ на грешка. Тоа не тера на доделување на вина и тогаш кога никакви грешки не се направени.
Законите на физиката не вредат во работата
Следната, мошне раширена измама, е дека деловниот свет го следи збир на законитости како оние, на пример, во физиката. Некои книги се прилично експлицитни во тој поглед и тврдат дека нашле вечни, непроменливи закони кои управуваат со изведбата на компанијата. Ветуваат дека менаџерите кои ги следат нивните совети ќе постигнат успех со сигурност рамна на оној на научниот опит и дека работата се покорува на прецизноста и предвидливоста каква што ја има физиката. Се разбира дека е тоа измама темелена на потрагата по извесност.
Зошто таа идеја на менаџерите им е толку привлечна?
Во списанието Fortune авторот Stanley Bing истакнува дека менаџерите се толку опседнати од науката поради тоа што ја поткрепува илузијата дека деловниот свет е управуван од смислени закони на природниот свет, а не од непредвидливата каприциозност на човековата природа. Измамата на организациската физика имплицира дека деловниот свет нуди предвидливи резултати и оти потпаѓа под прецизни закони. Го распалува верувањето дека некој збир на потези може да функционира во кои било услови и го игнорира фактот дека прилагодувањето е нужно: интензитетот на конкуренцијата, брзината на растот, големината на конкурентите, пазарната концентрација, регулативата, глобалната дисперзија на активностите и многу повеќе.
Да се тврди дека еден пристап може да функционира каде било, во кое било време, за која било комланија, има привлечност, но не ја зема предвид комплексноста на деловниот свет.
Многумина менаџџери случајноста ги исполнува со нелагода, сакаат да веруваат во сигурноста на исходот на дејствувањето, но во желбата да имаат смислено објаснение за настаните често гледаат трендови кои не постојат, извлекуваат заклучоци за криви причини, ги игнорираат фактите кои не им се вклопуваат во теоријата. А наместо да се обидуваат да завладеат со неизвесноста, менаџерите побрзо би требало да завладеат со самите себе си, така што ќе го променат својот пристап кон прашањата, ќе го усвојат менталниот склоп за разгледување на веројатноста.
Потрагата по извесност во деловниот свет е промашена, оти не води во предвидување, во основа, на непредвидливата природа на работата. Поради неа можеме премалку да ја цениме потребата од рискантни и храбри потези, што се токму оние иницијативи кои го делат еден од останатата конкуренција. Можеме да се обидеме да ја намалиме неизвесноста, но сигурно не можеме да ја совладаме и не би требало ниту да се обидуваме.
(Преземено и преведено од: http://www.biznis.hr/)