51. Јад и срдба
Кротам јад и срдба катаден
во време на пакосни замисли.
Кротам јад и срдба катаден
откога се спроти мене
ѕверки стрвни.
Кротам јад и срдба катаден
да не се распламтат до небо.
Кротам јад и срдба катаден,
а сум сè понемошен,
па нема да ги скротам.
Кротам јад и срдба катаден
за со време да не ме обземат.