НЕИСПЕАНИ И НЕДОПЕАНИ ПЕСНИ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

26. Некаква трага

Следам некаква
нечија трага
што ме води негде,
може нигде;
во предел
дамнешен, сегашен,
недогледен,
несогледлив.

Ја следам со години,
веќе не знам од кога;
по време совреме е
ту поврнинска,
ту длабока,
ту неизбришлива,
ту речиси збришана.

Ја следам деноноќно,
ја следам упорито,
а ми е некако позната,
а ми е препознатлива,
а ми е некако знајна.

Како да е моја!

Leave the first comment