ВО ДОСЕГАШНИОТ МЛАДЕШКИ ЖИВОТ ТАА ИМАЛА МНОГУ ЉУБОВИ, НО НИЕДНА ОД НИВ НЕ Ѝ БИЛА ОНАА ВИСТИНСКАТА. НЕ ГО КРИЕ ТОА. НАПРОТИВ, МУ ГО КАЖУВА НА СЕКОЈ ОНОЈ ШТО СТАПУВА ВО ИНТИМНА ВРСКА СО НЕА. ПРИТОА, НАГЛАСУВАЈЌИ ДЕКА НЕ ПРЕДУПРЕДУВА, НЕ ИЗРАЗУВА ОЧЕКУВАЊЕ ИЛИ НАДЕЖ, А ПОГОТОВО НЕ ЛИЧЕН ИНТЕРЕС.
ЗОШТО И ОД КАДЕ Е ТОЛКУ СИГУРНА ДЕКА ДОСЕГА НЕМАЛА ВИСТИНСКА ЉУБОВ? КАКО ШТО ТВРДИ, ТОА Ѝ ГО ДОКАЖУВАЛО НЕЈЗИНОТО СРЦЕ. ЗВУЧИ ПРИЛИЧНО ПОЕТИЧНО, СЕ СОГЛАСУВА, НО УВЕРУВА ДЕКА Е БАШ ТАКА. ТАА САМАТА СИ ГО НАУЧИЛА ДА РАЗЛИКУВА ВОЗБУДА И СТРАСТ ОД ЉУБОВЕН СПОКОЈ, СТАМЕНОСТ И ПОСТОЈАНОСТ. НАЈМНОГУ КОРИСТЕЈЌИ ИСКУСТВО НА ДРУГИ.
ТАА Е МЛАДА, ВО ТРЕТА ДЕЦЕНИЈА ЖИВОТ, ПА СĖ УШТЕ НЕ НИ РАЗМИСЛУВА ЗА ДОЛГОРОЧНА ЉУБОВНА ВРСКА СО ОЧЕКУВАНА ИЛИ НАДЕЖНА ЗАЕДНИЧКА ЖИВЕАЧКА. СО ИСКРЕНОСТ, МЕЃУСЕБНА ДОВЕРБА И СПОДЕЛУВАЊЕ ГРИЖИ, ЗАДОВОЛСТВА, СЕГАШНОСТ И ИДНИНА.
ЖИВОТОТ ГО ГРАДИ И ГО НАДГРАДУВА САМА. ТАКА ЈА НАУЧИЛА ТОЈ, И ТОА МНОГУ ПОВЕЌЕ СО ГРУБОСТИ ОДОШТО СО УБАВИНИ. НЕКОИ ОД НИВ БОЛНИ РЕЧИСИ ДО НЕИЗЛЕЧИВОСТ. НЕМА РОДИТЕЛИ, ЗАГИНАЛЕ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КОГА ИМАЛА ДВАНАЕСЕТ ГОДИНИ. БИЛА ОДГЛЕДАНА ВО ДОМ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ И РАСТЕНА КАЈ БАБА Ѝ. ВО ГОЛЕМА СИРОМАШТИЈА.
ЈА БАРА СВОЈАТА ВИСТИНСКА ЉУБОВ ВО НОВИ? НЕ. ПА ШТО БАРАЛА ВО ДОСЕГАШНИТЕ И ШТО БАРА ВО НОВИТЕ? НИШТО.
ЖИВОТОТ ШТО ГО ЖИВЕЕ ЗАСЕГА Е САМО НЕЈЗИН.
НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 30