Животен зрак

Потребно време за читање: < 1 минута

СЀ ШТО СЕ СЛУЧУВА ОД ЗАЈДИСОНЦЕ ДО ИЗГРЕЈСОНЦЕ, ОД ЛЕГНУВАЊЕ ДО СТАНУВАЊЕ И ОД ЗАСПИВАЊЕ ДО БУДЕЊЕ Е РАСКАЖАНО И СЕ РАСКАЖУВА КАКО ТЕК НА ЖИВОТЕН ЗРАК ДО ПРЕД ГАСНЕЊЕ.

ШТО ПРОДРЕЛ ВО ДАМНИНА МЕЃУ СТУДЕНИНА И МРАЧНИНА, ТА НЕ ИМ ДАВА ДА СЕ СВРЗАТ КАКО БИЛО. ПОГОТОВО НЕ НЕРАЗДЕЛНО.

ТРЕБА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ ДА СЕ ИМА ПРЕДВИД ДЕКА НЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА СОНЧЕВ, МЕСЕЧЕВ ИЛИ ЅВЕЗДЕН ЗРАК.  НИТУ ЗА ЗРАК ШТО НА ЧОВЕК СО САМОСВЕСТ ТУ МУ СЕ ДОБЛИЖУВА ТУ МУ СЕ ОДДАЛЕЧУВА.

ТРЕБА ДА СЕ ИМА ПРЕДВИД И ДЕКА НИШТО ЖИВО НЕ ПОЧНУВА САМО ОД СЕБЕ, НИТУ ЗАВРШУВА МИГУМ.

НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 14