Едно Јас

Потребно време за читање: < 1 минута

ЕДНО ЈАС ВО ПРВО ЛИЦЕ ЕДНИНА СТАНА ВТОРО, А ПО НЕКОЕ ЕДНО ВРЕМЕ ТРЕТО. ПОТОА ПРВОТО И ВТОРОТО, А ПО НЕКОЕ ВРЕМЕ И ТРЕТОТО СО НИВ ВО ЕДНИНА СЕ НАЈДОА ЗАЕДНО ВО ЕДНО ВРЕМЕ. ШТО ЗНАЧИ ДЕКА ЗАБЕЛЕЖЛИВО ИЛИ ОД НИКОГО ЗАБЕЛЕЖАНО СТАНАЛЕ ПРВО ЛИЦЕ МНОЖИНА. СЕТНЕ ТАКА, ЗАЕДНО, ВО ДРУГО ВРЕМЕ РЕШИЛЕ ДА СТАНАТ И ВТОРО И ТРЕТО ЛИЦЕ МНОЖИНА.

ОД ПРЕД КРАЈОТ ДО САМИОТ КРАЈ ЈАС ОДНОВО МУ СЕ ПРЕТСТАВИ НА СВЕТОТ ВО ПРВО ЛИЦЕ ЕДНИНА.

НАСЛОВИ (СЀ ВО НАСЛОВ), насловна проза, 12