Народски изреки V, 787-927

Потребно време за читање: 6 минути

787. Неарни во умо не се за партија, а камо ли за власт. Се знај за кај се.

788. Заошто не сме исто, ако не сме на исто?!

789. Никој не је за сегде и за сешто.

790. Ќе има и твои потомци шо ќе се срамат од тебе оти си им остајл во наследство украдено азно од народо.

791. Да ти кажи стар бел дедо, чупе убоо:
Варди си ја убајната од грдотиите. За да бидиш убаа и ко ќе остариш.

792. Чим си почнал да чистиш, не запирај дур` не исчистиш. За да не се извалкаш.

793. До смрт љубов со спокојно срце и блага душа.

794. Богаството малу ги прај лујѓето среќни. Најмногу ги прај здравјето и заедничката живеачка.

795. Сум ти кажал нешто шо го знајш? За да не го заборајш.

796. Ебати соседо!
Ме прекрсти за да ме снема, а ти нито си постоел, нито постоиш.

797. Он кажал шо мисли за шо сè не, па можи појќе и ич да не мисли. Ама не можи.

798. А бе, кој си ти да ми кажуаш шо да праам за мене?!

799. Ако је твоја земјава, биди и ти нејзин.

800. Ништо од тебе за срамотилак твој и на твои потомци.

801. Никому не му је од корист само твојто надеање.

802. Стар се трга настрана за да не му пречи на млад.

803. Не пекај по љубов која не сака али не можи да биди твоја.

804. Те смениле оти се испоплашиле од решеноста да менуаш? Со то треба да се гордејш.

805. Ај да си речиме некоја добра реч.

806. Влегол натрапник во дом на домаќин чоек, та го гледа со закрвени очи!

807. Различни светој го праат свето еден.

808. Ја вардам матната да не се излеј од својто корито, та да ги поплај, та да ги удај чоештината и чесноста.

809. Ми го наполнија старсково срце деца и млади на кои знаењето им е сè.

810. Ја сум со лујѓе кои не се одрекнуваат од ќе биде.

811. Исконски народ је свој со свое, без туѓо.

812. Сакајњето је лично. Можи, но не мора да биди споделуачко.

813. Не го бидуаше за бизнис оти беше чесен и искрен. Нè изненади со упоритоста, ама дочекавме да пропадни.

814. Многу је време без нас неповратно.

815. За жалење сте оти жалите незнаен чоек шо остајл длабоки траги зад себеси.

816. Бар одвреме-навреме испитај си колку има чоечко во тебе, чоече.

817. Досега оти така, ај отсега саде вака:
Со шо појќе наше, а со шо помалце туѓо.

818. Ко шо земјата не можи без свое небо, така и корено не можи без свое семе и свој род.

819. Кој работи, не греши оти работи.

820. Брани се со знајње и создаање.

821. Ти минало времето, ама не им се даваш на годињето.

822. Знајш ли шо и како со она шо го имаш? Ако не знајш, али веќе не је али скоро нема да биди твое.

823. Ништо не кажуам за љубов шо ја нема.

824. Со опитноста појќе умност одошто знајње.

825. Побрзај за да бидиш во тек.

826. Шо си посеал, то да биди твое гајле дур` не никни, не порасни, не узреј и не остај по себе семе.

827. Сè треба да зависи и од тебе. Појќе али помалце.

828. Ко творец, сведочам оти мојо свет не је ист со свето во кој сум со сите.

829. И од мене нешто, макар и за ништо.

830. До кога треба со она шо си. Додека си.

831. Не си морал, ама си бил принуден?!

832. Немало, нема и ќе нема на свето поголем бедник од чоек со беден дух.

833. На љубовта најмногу ѝ збори срцето кога во него немо гори.

834. Бевме блиски и сме, без обѕир шо сме сè подалечни.

835. Го испокрадоја народо, па сега праат сè за никој ни да ги спомнуа. Сосе краденото азно.

836. Чим минатото ти било поарно и поубоо од денес, то значи оти од тебе веќе ништо за утре.

837. Во незаборав време сечие со траги неизбришливи.

838. Еден виден го нема нигде, а го има сегде. Сеедно дали је уште жив али је веќе мртов.

839. Никоаш доволно од тебе. Стално колку шо можиш.

840. Ја си се гордеам со мојто создаено дело. И ич не ми је гајле шо мнозина не ни чуле за него.

841. Добро бре, лујѓе, до кога како било за да биди и вака и онака?

842. Во она шо си нај ти си нај, и нема муабет.

843. Кога срцето ти скока од радост-е то је права љубов.

844. На стар бел дедо му је лесно да биди сам, ако има љубов и почитание.

845. Си велам на себеси. Можи и на никој друг.

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ГРЕШКАТА

846. Греши си на себеси, а не на друзи. За твои да бидат маките тешки, а не друзи да ги тргаат.

847. Многу грешки во живото-сите исти и која од која за мака тргање.

848. Секоја грешка со голема али невидлива трага на лице. Џабе ти је шо го сокриваш со маска.

849. Секоја грешка за проштаање, ама не за повтарање.

850. Како старејш, така потомците сè помалите грешки ти ги праат големи.

851. Не си ги забораај грешките сторени од муакет али од немукает. Секоаш труди се да ги заборајш грешките шо ти ги сториле.

852. Умен чоек знај оти грешките на друзи му сет за ука и поука. Улајо греши и не мисли оти греши.

853. Му се простуа грешка на чоек шо је чоек. Не труди се на нечоек оти он ја прај од нечоештина.

854. Лошо шо грешиш спрема Бога, но исто лошо, можи и полошо шо грешиш спрема чоек.

855. Не можиш на свето да најдиш чоек шо не греши. Најголема мака трга оној шо мисли оти не греши, а греши ли греши.

856. Шо има чоечко во грешењето на чоек спрема чоек?!

857. Со добриње против грешење.

858. Добро, ти ги проштаам грешките шо ги напрај наспрема мене, ама шо да прајме со сѐ шо претрпев и уште трпам поради нив?

859. Нема одвика од навика за праење грешки.

860. Не барај прошка за грешка која можиш да ја попрајш. Попрај ја.

861. Дури је љубов, љубовта не прај грешки.

862. Едни фалат, други кудат, а на треќи баш им је гајле.

863. Па шо и ако си рекол кога твојо збор не се слуша?

864. И мене не ме познаа никој од мојта фела, па ништо не ми фали.

865. Никој заминат за поарна живеачка не мисли да се врати? Некој секако би се вратил кога нешто би се заарнило.

866. Нигде нема поарно од свој на свое и со свои.

867. Белки ќе изживеам макар еден бел ден среде мрачнинава смртна.

868. Љубов за пари нито има, нито ќе има.

869. Партија и движејње не се исто. Партија можи да покрени движејње, ама од движејње не бидуа партија.

870. Сè је толку просто, шо да нема попросто. Ако нема еден да заплеткуа, а друг да отплеткуа.

871. Речи и стори, за стореното само за себе да збори.

872. Можи да не си роден во љубов, ама си за љубов.

873. Нема исти деној, исто ко шо нема исти ноќој.

874. Брчките и лузните на твојто лице откриваат маки, јадој, грижи и болештини. Ниедно радуање.

875. Пред самио крај сè је предоцна.

876. Силата чоечка је неизмерна во борба против злото. Мало али големо.

877. Саде за мене си најлична, љубима.

878. И по мене без мене.

879. Градам свој мал свет шо никој и ништо никоаш нема да го разруши.

880. Никој не постои сал за себеси.

881. Ближни, а далечни ко да не се.

882. Не те барам оти си сегде со мене.

883. Ново почнуање одма али прекуноќ, а процес долготраен ем макотрпен.

884. Чим легнуаш на брашното, мелницата сè позабавено меле.

885. Тактика:
Се стишуа и се смируа за по некое време да се заборај. До следно изненадно случуање.

886. Не знај шо збори, а нема кој да го заќути.

887. Кај шо предолго дими, ќе има огин шо долго не ќе можи да се угаси.

888. Стамен:
Он ко ќе ти нареди, наредено је. А ти пробај да не го извршиш.

889. Ти заборај ако можиш, ама не барај го то од мене оти нејќам.

890. Колку подолга и покрвава војна, толку поевтина невина смрт.

891. За валкани лујѓе валканици на секој чекор.

892. Кога се исти денојте, ноќојте се преполнуаат со секакви спомени и сништа.

893. Од предолго стоење во место, нозете откажуаат.

МОИ НАРОДСКИ ИЗРЕКИ ЗА ДУШАТА

894. Богата душа у сиромав.

895. Убајната на душата не се мери со ниедна друга.

896. Душата ем љуби ем пријателуа.

897. Секој збор со душа.

898. Се дава со душа. Богатио дава малце од богаството, а сиромајо го дели малкуто шо го има.

899. Пастрена уста збори пастрено.

900. Те слуша душата, а дал` ти ја слушаш неа?

901. Сѐ шо је на свето има душа. И на небо и на земја.

902. Најмачно сиромајо му прај ќеф на богатио.

903. Душата на личното моме треба да је најлична.

904. И на душите им требаат пари.

905. Душата на чоеко ќе му излези низ носо дур` ги искачи врвојте на живото.

906. Душата на сиромајо се радуа од пости до пости.

907. Најадена душа ем сака ем слуша.

908. Меѓу трпежо и крпежо душата едвај издржуа.

909. Умен старец има неизмерно трпелива душа.

910. Решавај со душа.

911. Снагата на душата је поголема од снагата на телото.

912. Ниедна болест не умира душа.

913. Мали лујѓе со големи души.

914. Можи ли душа да се извалка? И тоа како!

915. Ако си ѝ душа на онаа шо ти је душа, то значи оти си ѝ сакана ем мила душа.

916. Убајната на душата се гледа на најголема далечина.

917. Ниедна душа не је ни слепа ни глува. И слуша.

918. Скршена душа иста ко шо је тешко болна. Ама со болна се живеј најтешко.

919. Толку је длабока душата, шо цел живот не можи сосем да се открие.

920. Секое добро од душа и со душа.

921. Душата је немерлива.

922. Ем не се гледа кога душата гори, ем гори тивко и во самотија.

923. Со молчание не спасуаш душа.

924. Душата живеј во телото сѐ дури оно не се упокои.

925. Чоеко сам најмногу ѝ наштетуа на својта душа?

926. Чоек си саде ако имаш душа.

927. Сродни души се заедно и кога се блиски и кога се далечни.

НАРОДСКИ ИЗРЕКИ V