914. Мои пари за тебе за да бидиш со мене. Имало наши, ама веќе нема.
915. Досега вака, отсега мисли му ја како.
916. Он ги наполни дисаѓите со азно украдено од народо, а вас кои му помагавте во крадбата ве остај со прсто в уста.
917. Во едно уво ти влегуа, од друго ти излегуа? Така је ко ти је празна црпката.
918. Муви навалиле на партиски лепешки за утре да се доберат до власт.
919. Скокаш ко прле пред магаре кое сака шо појќе прлиња пред себеси.
920. Дамна било шо било, ама не је за забораање.
921. По сите борби и премрежиња во живото, радуј се шо си уште жив и стоиш на нозе.
922. Најсетне ја во паметење, ја во заборав.
923. Ни било пишано да остани од нас недопишано.
924. Не сакам ништо не оти имам сè, ами оти било кога ми требало.
925. Не гледајте и не слушајте забегани политиканти. Можи да ви се скинат нервите, па да напрајте некоја беља.
926. Народо не ги есапи за живи, а они никако да испливаат од матната.
927. Уште не си научил совреме да видиш и разбериш на кои им се стемнуа, а на кои им се разденуа?!
928. Претате во кал од шо не најдуате пат до чистина.
929. Откога не сте на власт ни за мајтап не сте.
930. Се редат нешта кои мора да се наредени за да бидат нешта.
931. А бе чоек, бори се за да бидиш саглам чоек.
932. Сè и сите на виделина за појќе да не можи ништо да се сокрие.
933. Шо он утре? Ништо утре, ако не знај шо денес.
934. Нема веќе играчки и пљачки? Белки нема и ќе нема.
935. Покажи шо знајш и колку умејш, па шо сака нека биди.
936. Со љубов се брани чоек дур` го има.
937. Слушај шо се збори, а не шо ти сакаш али не сакаш да слушниш.
938. Биди мртов ладен и ќе напрајш голема кариера.
939. Ја можам, ама проблемо је шо никој не можи ко мене.
940. Со мене можи далеку да стигните, а без мене богами тешко.
941. Е, баш ми је гајле до утре сабајле. За до задутре ќе видиме.
942. Па шо оти не ти се сите кози на број? Важни ти се јарците, поготово прчојте.
943. Врти, сучи, најсетне политичарите на власт стануаат политиканти. Кој нема да стани, ќе падни.
944. Не нè догледуаат ако не сме им пред очи.
945. Не бе, не си патиме ние од јазико, ами од оние без ум шо ни се качиле на глајте.
946. Не можиш ко никој шо не можи ко тебе.
947. Глеј си работа и не остаај да те работаат.
948. Чим је добро, варди го да не стани лошо.
949. Би било убоо да ни је убоо.
950. Кој последен се смеј, горчина му собрала душата.
951. Очевидно, за живи срамој се оние кои за до вчера на народо му натуруваа власт со толку забегани и недоветни.
952. Наместо да удриш со сета сила, ти ко да си легнуаш на брашно. Ко да заборааш оти мелницата одамна нема шо да меле.
953. Докажи дека си решен ем решителен или тргај се од пато.
954. До вчера го крадевте и испокрадовте народо, а денес се препраате дека не сте биле тие шо бевте.
955. Ја не сум ко вие за да бидам со вас.
956. Пропаднатио најпојќе го боли кога пропаѓа.
957. Ти вади од контексто чавка за да дрдори глупости.
958. Носите валкани алишта оти нема кој да ви ги соблечи.
959. Вака ни је ко шо ни је оти сетики дозволуаме да нè крадат крадачи со тапии.
960. Сонце ти ја озарило личотијата.
961. Со празноглај нема нигде да стасаш.
962. Лујѓе, соземете се и почните умно ем разумно.
963. Тешко вам ако уште бидуате шо бевте.
964. Не можам да разберам како можиш да бидиш до толку недоветен денес за утре.
965. Прашај се за шо те плаќа народо, та одговори си дали си го заслужил то од него.
966. Кој ви је крив шо избравте да ве водат криво насадени?
967. Свето денес за утре:
Доста политика и бизнис. Отсега политика за бизнис.
968. Мора да биди скроено по мера за брго да не се крпи.
969. Врти пари оти ем се врти ем го вртат.
970. Без љубов ништо од тебе и нигде со тебе.
971. Ја некако, ја за никаде.
972. Се мачиш докрај, а одамна си узнал оти живото је мака до смрт.
973. Страховладеач се прај политичар за да го држи во страв народо, а згора је безогледен лажго.
974. Во љубов безмерна еднакви спокојо и возбудата.
975. Мир и слобода секоаш за достојна живеачка.
976. Доста је да можам да го праам она шо едино го знам и го умеам.
977. Оние шо биле со свое и на свое, најрадо би сакале да бидат ко нив оние шо идат по нив.
978. Брза времево, а тебе не ти се брза да се мениш во него.
979. Не је исто ко шо било со тебе, ама мора да биди и без тебе.
980. Ја и ти едно ко ниедно.
981. Сал прв кога зависи сал од мене.
982. Ти не можиш да домислиш уште колку ја можам далеку од ова и одовде.
983. За мене веќе нема до кога. Има до кога било.
984. Не је прашање како слаб меѓу силни. Прашање је со кои силни слаб.
985. Ако веќе не почнала, тогај почнува во свето нова делба на мали меѓу големи.
986. На чоек не му треба негоото вчера, ама му је бадијала денес ако во него нема понешто за утре.
987. -Шо прајш?
-Праам нешто за ништо.
988. Доста се будалите, вие на власт до вчера. Му боктисавте на народо.
989. Не ви требаат маски за криење. Сами се откривате со неделата шо ги сторивте.
990. Биди здрава и жива, љубима. Ако ме заборај.
991. Ја како? Некако до никако.
992. И ние ќе дојдиме на ред. То неизоставно.
993. Просто је за разбирање, ама ти је наредено да не разбираш.
994. Нека ти догледуаат и согледуаат очите најдалеку шо можат.
995. Како можи да ти се допаѓа груба стварност?!
996. Денес за утре со ука, ум, разум и опитност.
997. Сè на виделина и чистина за народо да ти веруа.
998. На сцена војна, а зад кулисите прекројување на свето за мир.
999. Ќе нè биде ако сме шо сме.
1.000. Годиње за напред, сетне годиње во место и за назад, а најсетне колку да се нека се до крајо.
НАРОДСКИ ИЗРЕКИ IV