782. Снеможуа срце по многу надминати премрежја.
783. Постојам ко да не сум постоел виден.
784. Било ко да не поминало.
785. Ич не поднесуам помирливост. Иста је шо и поразија.
786. Немам мака со она шо зависи сал од мене.
787. Се лажеш оти ме имаше за да ти је полесно откога ме немаш.
788. Добро де, веруј си оти нема ништо за тебе од мене. И ќе нема.
789. Со тебе сум дур ме сониш жив.
790. А бе доста лажите без усул. Ви се смеј народо ко на будали.
791. З’ш се плашите од мене?! Та вие не ме ни познаате!
792. Ме заборајле забораени.
793. Ви се чудам како можите дотолку да се прајте наудрени?! Знам оти не сте, а сте баш ко да сте!
704. Нема спас за сите вас, ситни риби и по некоја крупна.
795. Будни сте од секирање, ама нема кој да ви ги отвори очите и да ве крени на нозе.
796. Им одите на бацирака, а рацете им валкани ем смрдени.
797. Личотата го замелуши чоеко, му стопи снага, а можи скоро и да умри од неа.
798. Ни ѓубре за ѓубрење не бидуа од тебе, ѓубре низаедно.
799. Од шо толку сум те сакал, никако не можам да те отсакам.
800. Ем лажговци ем измамници ем апашишта му се додворуаат на народо за пак да владеат со него.
801. Мојо збор не им значи ништо на оние шо ни самите себеси не се слушаат.
802. Не сите против тебе, ама многу. Најмногу оние кои не можат со тебе.
803. Многу нечоечен свет за чоештина и чоекољубие.
804. Саде мои дела оставина.
805. Преживуајќи, чоек со години, поготово во години забораа на пристојна и достојна живеачка.
806. Не барај појќе одошто ти треба за да не ти дадат колку шо сакаат.
807. Ако стварно ме сакаш, сакај ме и не бегај од мене.
808. Луѓе, шо прајме со заднината на сево ова шо ни се прај?
809. Кому како- за тебе никако.
810. Ќе биди како замислиле и намислиле насилничките силници.
811. Ѓоамити си слободен и сам си ја кроиш судбината.
812. Се лажиш и се залажуаш оти можи преку ноќ се од корен да се смени и да тргни на поарно. Можи само ако преку ноќ од корен се смениш ти и сите ко ти.
813. Те бришат, те ништат, те пустат, те запустуаат, од корен те откорнуаат, а ти се убедуаш и се тешиш себеси оти си и ќе останиш шо си.
814. Јаз’к да ви је шо ем не ги гледате ем не ги осетуате благодатите од мафијава на власт.
815. Ако те турнале на дното на живото, то значи оти си уште жив ама мртов.
816. Љубов без убајни не бидуа.
817. Време је да сврши играњето на туѓа свирка. Предолго трае.
818. Многу напраија за се да ти фали.
819. Итри и будали победуаат умни и опитни? Никоаш и нигде!
820. Се брани слобода со борба и саможртва извојуана.
821. Ништо не је готоо дур има време за борба и надеање.
822. Народо не можи да ве смисли, а вие уште смислуате како да продолжите да го лажите и крадите.
823. Нема поголема лична поразија од народо да те мрази, а ти нему од туѓин натурен.
824. Од мисла не ми излегуаш и денум и ноќум.
825. Колку појќе дела од тебе, толку појќе недела спрема тебе од неделотворни и некадарни.
826. За мене ништо, за ними се. Оти се над мене.
827. Со итроштини нема да стасаш до утре сабајле. Мрак ќе те изеј до пред зори.
828. Отвори се земјо и проголтај ги бесрамнициве.
829. За мене можи да не идат поарни времиња. Нека дојдат за вас, потомци мои.
830. Веќе никој не ме знај. Ни оние шо некоаш ме знаеле и сум ги знаел.
831. Небаре досега ни било лесно, та отсега ќе ни било ептен тешко.
832. Ме прашуаш како сум? А ти добро си?