24. Ќе напрајш шо си намислил откога гневен народ ќе го напрајш рамнодушен.
25. Кога не ти се прај ништо, прај нешто шо не се прај.
26. Нит` да го жали чоек, нит` да му се смеј. Саде да се чуди кај најдоа толку недоветен за на власт.
27. Ни на старост чоек нема мира од злосторни и пакосни бездарници.
28. Ако нејќиш да сум жив за тебе, тогај сум мртов.
29. Ја си терам по своему, а ти како сакаш и можиш без мене.
30. Тамам и убоо ти је во јако сошиено ако ти је по мера скроено.
31. Сиромав си, ама никому не му полагаш сметка.
32. Во богатство живурка бедна душа.
33. Живејш како знајш и умејш слободен.
34. Мајсторо и за себеси и за други прај да биди напраено. За и по него да потрај.
35. Љубима, помислуаш ли на мене кога си сама?
36. Изроди на власт, изроди во власт, изроди со власт. Шо можи народо против толку накотени за да го збришат?
37. Слепи при очи за полни дисаѓи азно украдено од народо.
38. Не се бистри матна вода, ами се обелоденуа.
39. Ем работиш ем се плашиш од глад и страд.
40. Поарно тргај се настрана од некои и нешта шо не можиш да ги смениш, одошто да им се прилагодуаш.
41. Не сум за жалење, ами за признание и почитание.
42. Многу е болно и тажно дека заминуваш за да не се вратиш, а не мораш.
43. Ништо сосила сторено не трај долго. Скоро одново се сторуа, ама не сосила ами здраворазумски и со добра волја.
44. Никој не сака ни очи да ви види, а камо ли да ве слуша како млатите празна слама.
45. Ако ме побараш, можи ќе ме најдиш во твојте спомени.
46. Зошто да ми требаш ако не ти требам?
47. Батали ги, не вредат за тебе штом не те есапат ни за жив ни за мртов.
48. Не си меѓу умни и учени оти не се.
49. Ти пречам на твој пат? Како?! Зар не гледаш дека си на мојо по мене!? Добро, тогај заобиколи ме.
50. Штом не ти се важни мојве години, значи ништо не ти значи мојта опитност.
51. Не је толку смелост, колку шо је залудност да кажеш шо мислиш меѓу луѓе кои се плашат да мислат.
52. Предоцна за нас? Можи за тебе и за оние шо не се за нас.
53. Ни пукаат глајте распаметени од овие шо се уште на власт.
54. Ако не си во врво на држава на мафија, никако не можиш преку ноќ фамилијата да си ја напрајш ненормално богаташка.
55. Само апс и зандани за мафијаши на власт. Ништо друго!
56. Зар уште не се освестуате оти веќе не можите да го замајувате народо?
57. А бе ќе ги остаат да ги однеси матната, ама се страшат со ними и нив да не ги однеси.
58. Луѓе, ја признаате ли сегашнава власт али не ја признаате? И дали знајте каква власт ви треба?
59. Ти се чудам на умо кога веруаш оти учени, умни и опитни можат да застанат на чело на држава на мафија!
60. Веруам во љубов, ама твојта не е за веруање.
61. Секој треба да оди по свој пат, ако сака да стигне до своја цел.
62. Да, зандани за апашиштава политикантски на власт, ама и да вратат и да им се одземи сè шо украле од народо.
63. Вие, в`лци стратешки, ја напрајвте мафијава властодржачка, та сега пред народо се препраате ѓоа јагненца.
64. Не те научиле својо имот да го чуваш и браниш, та го остааш да се запустуат али го продааш за бадијала.
65. Богами, ќе треба многу време за да се разврзи јазело на стратешките ни партнери. Мора да се пресечи со меч.
66. Не е готоо сè дури народо не речи готоо је.
67. Ајде политичари во борба против политикантиве на власт и за власт на народо!
68. Шо?! Сте фатиле уплав од изроди, абдали, простаци, неписмени и апашишта на власт?! Јаз`к!
69. И мене ми прај голема секирација оти скоро во државичкава ќе нема народ, а ќе има само делој од народи.
70. Ако не можиме сами напред, то значи оти сме се предале на оној шо научил како со сами.
71. Вака дури не се натераме али не нè натераат инаку.
72. Празнотијата во мене од тебе сè подлабока.
73. И живото и смртта во играта на чоеко со постоењето на свето.
74. Има почитание за создаено и создаање оти знај. Кој не знај навредуа, завидуа, мрази и ништи.
75. Не ми је смачено од сè, ама ми је од многу.
76. За вас од мојта фела ја сум и сè појќе ќе бидам мртов ама жив.
77. Ја не сум ти крив шо секако постојам за тебе, а ти за мене не.
78. Луѓе, шо подалеку од нелуѓе! Ако можите никогаш и нигде.
79. Ме задумуа времето на ќутење на секој и на сите. Пред сè зато шо трај сè појќе.
80. Тато прај далавери и носи, мама меси и гувеј ко госпожа, а сино аздисуа божем бизнисменуајќи.
81. Величање по умирачка?! Заошто и кому му је требно?
82. Ме заборај, ама и не ти фалам.
83. Чудно је шо ме има, а ме нема? Можи је, можи да не је, ама така је.
84. Ја безимен со дела ко трага шо не можи лесно да се збрише.
85. Во мојве години сè појќе молчам пред други зборејќи си сам на себеси.
86. Веќе не се радуам на мали нешта во живото. Можи оти нема големи али тие не се за мене.
87. Они не ни можат ништо, а ни праат сешто за да нè нема.