750. Бог да чува и брани! Еден лигуш на власт вика: „Да, ние крадиме, ама опозицијата лажи!“
751. За да му се лепи пара на пара, на мафијашо на власт и смрдежо убоо му мириса.
752. Џабе пробуаш празна лејка со семенки да ја наполниш. И со ними ќе биди празна.
753. Алал да ѝ је на мафијава на власт. Успеа и стратешкио ортак мајмун да го напрај за заедно да праат мајмунлаци.
754. Ќе се разбуди народо од кошмаро шо го снајде. Само да не биди предоцна за стануање.
755. Учени на гојда едни: „Зар вие ќе нè учите шо и како, гојда ниедни!“. И ги напраија магариња, магарици и прлиња.
756. Море простак, ај малу прибери се! Срамота е, на власт си! Претера со простаклако!
757. Апашишта на власт со стратешко-ортачки апашишта се ујдисуаат. Не за да градат, ами за да го крадат народо.
758. Расипани луѓе саде расипуаат за да не можи да се попраа. Зато ги избираат расипани.
759. Бегаш од избирање оти си избран ко најподобен лигуш и измеќар.
760. Овчар ги води на пасење својте овци на волчја територија, а во стадото ниедна црна. И без ниеден пес овчарски.
761. Знајте шо је најполитиканско во политиката? Секое чудо за три дена.
762. Сум рекол оти не им се докажуам на недокажани. Сега дорекуам оти си се докажуам на себеси како докажан.
763. Во љубовта нема сметки и пресметки, љубима.
764. Ојдов толку далеку шо да не можи никој ни да ме здогледа.
765. Народо и голорак е силен. Само да се најди некој шо ќе го крени на нозе.
766. Делото на умрен творец е конечно завршено, слободно и самобитно.
767. Од шо мисли, домислуа и создаа толку многу, ни самио не знај колку смислил, домислил и создал. Сè за џабе.
768. Проклет да си штом си против родо и народо свој.
769. Последнио мој збор ја уште долго нема да го кажам.
770. И без тебе сум со тебе исто колку со себе, љубима.
771. Не ми го признааш делото оти си недораснат за него.
772. Стана он, се испрај, па сите околу него станаа, се испраија и долго му ракоплескаа.
773. Пропаѓа партија политиканска која лаже, ветува и забораа шо ветила, крадела кога била и краде кога је на власт.
774. Стар бел дедо ѝ порачуа на Владата на Северџганска калакурница да научи шо је то стратешки интерес. Народо знај!
775. Не видовме никаков аир од тебе, та и за тебе и за нас је поарно да престаниш да ни го солиш умо.
776. Народо можи секако, но со натурена апашка власт никако.
777. Лесно је кога је црно и бело али црно на бело, но је жива мака кога је сиво, а го праат розово.
778. Не го разбирам сосем слободнио пазар. На него се продаа и купуа и вредно дело кое нема цена зашто је бесценето!
779. Мене и во време и во невреме љубовта ми је љубов.
780. Апашишта на власт доуништуваат веќе уништена држава, па је прашање дали ќе има за неа спас во последен час.
781. Се случуаат заткулисни собитија за конечно ништење на народо македонски! Многу малку време преостанато за спас!
782. Оние шо го палат огно, тие треба и да го гаснат. За сами да не изгорат во него откога тој ќе се распали.
783. Ништо не можи надежта кога је предоцна и за сламка на спасот.
784. Твојо таен есап уште не го вадиш на виделина, а со ѓоамити пазарен му продааш ветер и магла на народо.
785. Партија од народ и за народ не дозволуа во неа да се напика џган политикански.
786. Во небрано си оти си неук, не умејш и си неарен во умо.
787. Во стратегијата се знај оти не можи да има стратешко партнерство меѓу голем ем силен и мал ем немоќен.
788. Не је проблемо шо ја не знам. Проблем је шо ти не знајш, а се прајш оти знајш.
789. Види мајката! Сè расипавте, испоганивте и испокрадовте, па ај сега заедно да попрааме шо можи да се попраа!
790. Добро, штом не можиме заедно оди си ако имаш каде. Ја немам.
791. Лесна му је земјата на голем чоек. Зато шо му је душата светлина.
792. А бре партијаши, вие ко да заборајвте оти партија не бидуа без идеологија. Али је то за вас едино на власт и крадење?
793. Најмногу ми го мати умо то шо корумпирана власт тврди оти сè прај, значи и корумпира законски!
794. Самио се фали оти тешко менуа мислење. Бидејќи саде магарето не го менуа мислењето, он је тешко магаре.
795. Они се апашишта заштитени со закон, исто ко шо се мечките. Со кој закон? Да не је некој на стратешкио ортак?!
796. На овие во мафијашкава власт ептен им се лицемерни лицата!
797. Силнио најпојќе варди слабио да не се осили.
798. Вие барате простаци и дибеци на власт да ги остаат културата и уката барем да живуркаат како било?!
799. На партии на власт пред самоуништуање баш им је гајле шо ќе биди со народо и државата по ними.
800. Патроно ги прај будалите на власт уште побудали.
801. Во политиката најпрвин је мудроста. Која, ко шо се знај од дамнина, се крепи на искуството и знајњето.
802. Непромисленост, корупција и мафијаштво ја ништат партијата дури је на власт, сè до нејно самоуништуање.
803. Очекуани брануања во морето на политиката во Северџганска калакурница!
804. Појќе му веруам на лаво одошто на птицата феникс.
805. Народо треба да престани да ги плаќа изродите и велепредавниците на власт натурена од стратешки ортак!
806. Го прашуам северџганскио премиер:
Шо значи изразо „да имаш мадиња за одлуки“ во државничко-дипломатскио речник?
807. Нечуен простаклак од простак со тапија!
808. Ќе се разбегаат и ќе се сокријат ли пред да бидат фатени и собрани на купче?
809. -Те прашам оти знам.
-Заошто ме праша кога знајш?
-Зато шо можи да знајш појќе.
810. Не разбирам заошто ти се книгиве цел ѕид кога не ги читаш?! Белки не ти се за гледање и за кога не знајш шо да прајш со себеси.
811. Ја сум појќе од сигурен оти ме љубиш тајно.
812. Од властољубив властодржеч:
„Али ќе бидиш со мене али фаќај го пато за џенем“.
813. Работнико не је стока, стоко ниедна!
814. Владејш ѓаолцки со народ божји!