Потребно време за читање: < 1 минута

13. Ковчеже

Го забележа дури сега во нејзината соба. Откако замина по најдолг издив. Всушност, откако болештината конечно  успеа да ја згасне. За  него нејзината смрт беше најболното олеснување што кога било го почувствувал за ближен.

Во меѓувреме разбра дека не бил нејзин роден син, а го гледала и го израснала како единствена рожба. Разбра сосема случајно, од негова полусестра која во неговиот живот влезе за него ненадејно, сосема неочекувано. Не за неа. Таа, како што му раскажа откако се открија меѓу луѓе што го познаваа, знаела за него од татко ѝ, го барала долго, се изнаслушала сѐ и сешто и конечно го пронашла. Потоа го одведе кај мајка им, во нејзината затемнета соба со голем прозорец кон планината. Во неа освен железниот кревет, во кој лежеше неподвижна, имаше само уште мала комода со фиока до него.

Беа сами во квечерни часови. Кога почна да дише забрзано го повика домашниот лекар, а тој, откако долго ја прегледуваше, од глава до петици, му соопшти дека неполн час ја дели од смртта.

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

Беше на малата комода. Го забележа незаинтересирано. Го  збуни нејзиниот молбен поглед ту во него ту во ковчежето. Помисли дека се обидува, но не успева макар за миг да го оттргне погледот од него.

Го отвори кога во собата остана сам. Во него догледа една стара, но добро сочувана фотографија, на која беа две дробни-тој и неговата полусестра помеѓу мајка им и строен маж кого не го познаваше, и голем златен клуч.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here