79. Виден
Ем создал ем создава
човек
недоброј дела
што ќе бидат кога
он нема да биде
за живи, за мртви,
меѓу луѓе
глуви, слепи, нȇми,
пред нив недогледен.
80. Снемоштено
Вене корен
и вене плод,
вене свет
и вене живот,
вене ден во ноќ
и вене ноќ во ден,
вене тело
и венат години.
81. Горчина
Грутка в гради
разгорува крв
која штотуку
не се разлеала
како студен молк
во крајно време.