Pet Puppy Cute Adorable Friend White Dog Animal
Лице в лице - сега е достапно онлајн Kupi Lice v lice - sega e dostapno onlajn
Купи Лице в лице - сега е достапно онлајн
Потребно време за читање: 2 минути

Кој било домашен љубимец во домаќинството е корисен за здравјето на „стопанот“,  но таа корист е сепак поголема кај сопственикот на куче отколку, на пример, на мачки, сметаат психолозите од Универзитетот Квинс од Белфаст.

Според нивното истражување, сопствениците на кучиња имаат понизок крвен притисок и помал процент на лошиот холестерол.

Д-р Дебора Велс од спомнатиот универзитет, која го водела истражувањето, а резултатите се објавени во стручното списание British Journal of Health Psychology, вели дека како делумна причина за тоа може да бидат редовните прошетки на сопственикот со кучето. Откако ги проучила поранешните истражувања на истата тема-влијанието на домашните миленици врз здравјето на поединецот- потврди дека, општо гледано, сопствениците на домашните миленици се главно поздрави од останатите членови на друштвото.

Меѓутоа, незјиното истражување покажало уште еден податок: кучињата како домашни миленици имаат многу попозитивно влијание врз сопствениците од, на пример, мачката. Утврдено е дека на сопствениците на куче крвниот притисок им е помал, токму како и холестеролот, како и дека поретко патат од некои полесни болести, но и од посериозни здравствени проблеми.

Постои и претпоставка дека кучињата можат да му помогнат на сопственикот во опоравувањето од некоја сериозна болест, како на пример срцев напад, па можат да послужат и како „рано предупредување“ во детектирањето на претстоен епилептичен напад. Д-р Велс вели дека научниците уште не можат попрецизно да го објаснат овој феномен.

„Можно е кучињата да можат директно да влијаат на нашата општа здравствена состојба, ублажувајќи ги последиците од стрес, еден од главните ризични фактори поврзани со потенцијалниот развој на која било болест. Кучињата можат сопствениците да ги натераат на зголемена физичка активност и да им ги олеснат потенцијалните општествени контакти, што влијае врз физичкиот и психичкиот аспект на здравјето“, смета Д-р Велс.

Докторката по психологија Џун МекНиколас, која се специјализирала за прашањата на влијанието на домашните миленици врз здравјето на сопствениците, за мошне важен го смета токму потенцијалниот општествен контакт што сопственикот на кучето може да го оствари со друг сопственик на куче.

„Кај постарите луѓе животното ја надополнува „потребата на лицето некому да му биде потребно“, посебно откако децата ќе го напуштат домот. Понекогаш општествената поткрепа што на луѓето им ја дава животното е поголема од онаа што на истиот поединец може да му ја понуди друг човек“, смета таа.

Претходен написЗа вистинската љубов
Следен написПрограмерски совет

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here