дома Vox populi - гласот на народот Крстена вода

Крстена вода

74
sv. jovan krstitel kapistec skopje, св. јован крстител капиштец скопје

Понабожните жени непара одат по неделни и петочни води да се лекуаат; тие жени се вдаени поеќе по крстената вода. Лели секи месец иди у нас попо, што ни е на местото, и ни крштаа вода; од таа вода ќе се напијат по малце сите куќни луѓе и ќе си измие мајката децата за здравје.

Крстената вода ќе `а соберат во едно шише и ќе `а чуаат пред икона, за зло час. Најпоеќе со таа вода `и мијат децата коа да се урочат, али малку нешто да се поболат, на часо ќе `и измијат, сељамет ќе најдат.

Коа шетаат попоите на Нејатка со крс, по куќи, секоја жена што има деца ќе си нацрпи од водата што ја носи попо во котлето, да је се најди дома. За зло час.

На ден Водици коа ќе се крсти водата црква и од таа вода земаат да му се најди за зло час. И во многу друзи празници коа се крштаа вода, си земаат жените во шишиња да им се најди дома, како за деца, така и за имање урочено.

Прочитај и за ... >>  Ѓаолот препраен на чоек

Коа се отвори манастиро Свети Аранѓел у нас, излезе една вода светена (агијазмо) и сума болни се измија и ден- денеска коа одат на манастир, али на причесна, али на гости, со некој болен, ќе го измијат болнио од ајазмото за здравје, и кој се мие со вода, ќе оздравеит и здрав дома ќе си дојдит.

И на многу места кај што се отвара некоја вода, одат болни да се мијат да оздрават.

Чудна е крстената вода. Има луѓе у нас што се фатени со облог за крстената вода и ја туриле во едно шише и ја затнале убао; туриле и проста вода во друго шише и ќе `и држеа за по неколку месеци и коа се отворија шишињата, крстената вода- чиста како солза, а пак некрстената- нечиста и смрдена.

Во Стамбол некоаш го викнал царо турски патрико и сакал да го загуби дека оделе попоите со котле со вода и со крс по куќи. Царо мислел оти попоите што оделе по куќите праеле шпионлук за да станат рисјани. Патрико се отимал и му кажуал за крсто Ристов, и за водата крстена, (што) праела чудесија: болни лекуала и урочени и таа вода, да стојела кизнај колку години, не се смрдуала.

Прочитај и за ... >>  Ќе му плати коа ќе се вати гламна во градина. Али: коа ќе си видам тило.

Слушајќи царо овие зборои од патрико, го натерал да крсти вода и да чуаат да стои една година, ако не се смрди- ќе го прости, ако па се смрди, ќе го загуби него и сите рисјани. Крстил вода патрико и ја…(недовршено)

(Запишал: Марко К. Цепенков)