Колку повеќе ум, толку повеќе пари ?

Потребно време за читање: < 1 минута

Колку помалку ум, толку повеќе пари?!

Дали сте забележале дека по некое правило најглупавите луѓе секогаш стасуваат до највисоки општествени позиции? Сте се прашале ли некогаш како е тоа можно?

Можно е затоа што математиката е една од најголемите науки, бидејќи дава одговор и на ова тешко прашање.

За почеток ќе земеме две широко распространети тврдења:

1.Знаењето е моќ.
2 Времето е пари.

Како што се знае, формулата е: P=A/T, односно Моќ (P)= Работа (A)/ Време (T)

Бидејќи:

Знаење= Моќ
Време= Пари,

ако ова го уфрлиме во горната формула добиваме:

Знаење= Работа/Пари

Оттука следува дека:

Пари= Работа/Знаење

Според оваа формула лесно е да се види дека кога Знаењето се стреми кон нула Парите се стремат кон бесконечност, без оглед на тоа колку Работа е вложено.

Заклучокот е едноставен:

Колку помалку знаете, имате повеќе пари!

П.С. Ова воопшто не значи дека богатите малку знаат, а најбогатите немаат поим…за она што го работат односно им е бизнис.

Leave the first comment