Кокино можеби трета, а не четврта опсерваторија на светот

Потребно време за читање: 2 минути

Доколку се потврди хипотезата за гроб, и тоа кога е подигнат главниот-поголемиот „астрономски“ круг, тоа би можело да значи дека Стоунхеџ никогаш не бил опсерваторија. Во секој случај, не е „чиста“ како што е мегалитската опсерваторија Кокино, во Старо Нагоричане, на 35 километри оддалечено од Куманово-Македонија.

Стоунхеџ (Stonehenge) можеби бил гроб на древно кралско семејство, објавија британски истражувачи.

Имено, анализите покажуваат дека, според човечките остатоци ископани покрај тој камен споменик на југозапад на Англија, може да се заклучи дека тоа било гроб од настанокот околу 3.000. година пред Христа до 2.500. година пред Христа, кога е подигнат и поголемиот круг од големи камења.

Претходно археолозите мислеа дека луѓето таму биле закопувани само од 2.700. до 2.600. година пред Христа.

„Работиме на хипотезата дека Стоунхеџ е место за мртви“, изјави Мајк Паркер Персон (Mike Parker Pearson), археолог на универзитетот во Шефилд кој ги води ископувањата на таа локација. „Се чини дека е тоа сосема јасно“.

„Уште нешто: се чини дека во Стоунхеџ е погребувана општествена елита, можеби некоја древна британска кралска династија“, додаде тој.

Стоунхеџ е граден помеѓу 3.000. и 1.600. година пред н.е. како храм, гроб и астрономски календар, или можеби сите три, а тие камени кругови понекогаш се нарекуваат и „британски пирамиди“.

Туристите таму заминуваат во текот на целата година, а на летниот солстициј, најдолгиот ден во годината на северната хемисфера, околу 30.000 посетители и друиди се собираат на целоноќна свеченост.

Дел од она што може да се прочита за Кокино во Интернет нециклопедијата „Википедија“:

Кокино е датирано во 1800 год. п.н.е., односно раното бронзено време.

Мегалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата, која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето.

Камените маркери во минатото ги означувале местата за изгревање на Сонцето и Месечината во периодите на кусодневица, рамнодневица и долгодневица, како и нивните отклони. Сонцето, всушност, само на рамнодневиците – на 21-ви март и на 21-ви септември – изгрева точно на Исток и заоѓа точно на Запад. Потоа постепено има отклонување до 45 степени.

Местата на изгревање кои се опфаќаат со природните маркери на мегалитните стени во Кокино укажуваат дека изгревањата на исто место на Сонцето се повторуваат на 18,6 години. Веројатно некои членови на племенската заедница имале задача секојдневно да ги следат движењата на небесните тела и да прават календари за одредување на деновите за ритуалните обреди, како и за започнување на сезонските работи во земјоделството и сточарството. Опсерваторијата е сместена на две скалести платформи од кои се следеле планетите. На горната платформа се пронајдени траги од неколку објекти и делови на керамика.

Според наодите на археолозите, на локалитетот Кокино, всушност, немало живеалишта, туку дека опсерваторијата наедно била и светилиште, а во процепите на стените се ставале предмети наменети за нивните божества. На локалитетот има и еден вид престол, каде што, најверојатно, седеле старешините и водачите на племето.

Мегалитната опсерваторија во Кокино се вбројува помеѓу највредните стари опсерватории во светот. Поради тоа, во 2005. година американската вселенска агенција НАСА во листата од 15 вакви опсерватории во светот го рангираше Кокино на четвртото место.

Првите четири опсерватории според НАСА се:

1. Абу Симбел – Египет
2. Стоунхенџ – Велика Британија
3. Ангкор Ват – Камбоџа
4. Кокино – Република Македонија.

Без Стоунхеџ, Кокино би било на третото место.

Leave the first comment