Кочо Рацин или целосно Koста Апостолов Солев Рацин (Велес, 22 декември 1908 – Лопушник, 13 јуни 1943) — македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија.
Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и литературната критика. Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова – Раца.
Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен.
Автор: Гордана Јанакиевска