Климатските промени и градскиот живот

0
41

Вентилација на градовите

Научниците сметаат дека со климатските промени ќе дојде до натпросечен пораст на температурите во градовите и бараат урбанистички мерки со кои би се овозможила „вентилација на градовите“.

„Потребни ни се коридори за студен воздух во градовите“, изјави германскиот стручњак за клима Carl Beierkuhnlein, на еден симпозиум за климатските промени и здравјето одржан во Минхен во 2008. година.

За тоа да се овозможи, Beierkuhnlein смета дека во некои градови ќе мора дури да се уриваат згради за да се создадат такви „корироди за проветрување“.

Реклама

„Доколку немаме довод на студен воздух ноќе, не можеме да имаме здрава клима во градот“, изјави тој.

Стручњаците очекуваат дека со порастот на температурите ќе се зголемат здравствените проблеми на луѓето, како и бројот на смртните случаи во периодите на големи горештини.

А на возилата кои многу го загадуваат воздухот им е забранет прометот во големиte германски градovi Берлин, Келн и Хановер, како и во уште околу 20-тина други, вклучувајќи ги Штутгард и Минхен.

Целта на таа одредба е големите населби да се заштитат од загадување на воздухот, поради што годишно доаѓаат до 75.000 случаи на предвремена смрт, стои во соопштението на еколошката невладина организација „Deutsche Umwelthilfe“.

На автомобилите се истакнати вињети, зелени, жолти или црвени, во зависност од степенот на нивната „чистота“, а на оние кои нема да имаат ниту една ќе им биде дозволено возење низ градот.

Лекови во вода за пиење

Едно истражување на Асошиетед прес покажа дека водата за пиење во главните американски градови содржи остатоци од лекови кои се издаваат на рецепт. Новинската агенција известува дека научниците не се сигурни за ризиците по здравјето на луѓето во текот на децении на случајно изложување на мошне ниски нивоа на лекови. Меѓутоа, американски официјални лица за околина изјавиле дека е тоа нешто што се повеќе загрижува.

Конкретен пример:

Агенцијата собрала информации кои покажуваат дека водата од езерото Мид и други извори содржи траги на пилули за контрацепција, стероиди, наркотици и останати лекови кои се добиваат на рецепт. Новинската агенција пронашла траги на лекови во залихите на вода од 24 големи града, од примероци земени во 62 главни водоводни система.

Повеќето Американци не се свесни дека нивната вода за пиење ги содржи наведените лекови. На пример, водоводот во Филаделфија пријавил дека милион ипол луѓе, пиејќи вода, исто така земаат траги на 56 различни лекови. Тоа вклучува активни состојци во лековите со кои се третираат депресија, анксиозност, зголемено ниво на холестерол и болки.

Адвокатот на една фармацевтска трговска група, Марџори Пауел, вели дека количествата на лекови во водата се минорни: „Ниедна студија не потврдила штетно влијание врз човечкото здравје“, вели таа.

Сепак, научниците утврдиле физички промени кај животните, кои би можеле да имаат врски со лековите во водата. На пример, некои машки риби развиле женски обележја и имаат репродуктивни проблеми. Научниците мислат дека причината за тоа би можела да биде изложувањето на пилули за контрацепција.

Американската Агенција за заштита на околината наведува дека е загрижена, но инсистира на тоа дека американската вода за пиење е помеѓу најбезбедните на светот. Здравствените стручњаци, како што е Д-р Филип Кол од универзитетот Џонс Хопкинс, се согласуваат со тоа: „Водата што моментно ја пиеме е генерално безбедна и луѓето не би требало да паничат“, смета Д-р Кол.

Дејвид Карпентер е стручњак за здравје на околината: „Не постои начин присуството на фамрацевтски производи во водата да може да има какви било позитивни страни“, вели тој.

Лековите стигнуваат во резервоарите за вода за пиење зашто кога луѓето ќе земат лекови, тие не се апсорбираат во целост. Некои од нив потоа се исфрлаат и низ тоалетите тргнуваат кон цевките. Иако отпадните води се пречистуваат и рециклираат, машините за преработка на водата не ги уништуваат лековите, а ниту системите за пречистување.

Научниците велат дека не знаат какви ефекти толку мали количества можат да имаат врз луѓето во текот на подолг временски период.