96. Валканица
Оставена валканица на праг
пред замин во извалкан свет.
97. Здржување
Навреме погледна во себе
и догледа жар пред ветар.
98. За урок
Не за урок работа
во која нема крај.
99. Едвај
Едвај легна, едвај стана,
едвај рано се провикна.
100. Смадрени
Нема ни глас ни збор
замајана толпа луѓе.
БИДУВА, Како било, поезија/двостишија