71. Глас
Чита писмо
ненапишано.
72. Познат знак
Го има видено знаков
само нему познат одамна.
73. Трошки
Им оставив на птици
трошки од леб изеден.
74. За никого
Изделкав камен и дрво
за да бидат заедно.
75. Најдена
Конечно е пред пат
кој почнува во неа.
БИДУВА, Како било, поезија/двостишија