101. Сенешто
Во агол на заборав
собрани дребналии.
102. Фрлено
Истрошено и минливо
на буниште да изгние.
103. Нужност
Од сите исти доста.
Секогаш има асолни.
104. Лажачи
Сите заедно, недоброј
богати лажачи во мрак.
105. Пречек
Залак леб и сол
додека сме исти.
БИДУВА, Како било, поезија/двостишија