Најпрва мисла

Јанѕи од јава во јазол

Постоеше ли постои ли
Уште
Он во земја испостена
Он во земја скаменета
Што да нема ништо
Во неа
За душа да нарани
За немири да умири?

Постоеше од раѓање
И постои до скора смрт
Како некој незнаен
Патник
Низ времиња скудни
За нова игра сè уште
Ненаучена
Што повикува верба
Дека и кусовечноста
Негова
Имала зошто да биде
Има да биде до кога е.

Никако да го остави
Намира
Мислата за постоењето
На светот без него
Како залуден без слово
Ново
Меѓу негов корен
Пресушен
И нечиј извор сокриен
Во страд.

ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Грижен, стихозбирка, 7

За авторот: Горан Димитровски

Основач и извршен директор на Digital Media Creative Pro, со над 20 години искуство во дигитален маркетинг и визуелни комуникации. Специјализиран е за креирање ефикасни дигитални стратегии, проектен менаџмент и дигитализација на процеси во мали и средни компании.

За повеќе написи од авторот кликни тука.