216. Крајпатни
Коски на крајпатни на мој пат,
без мене до кај што стасале.
217. Без сетила
Каде ли и кога ли во ветришта
луѓе минливи изгубиле сетила?
218. Извишен
Извишувал долго за да е
дури до небо извишен.
219. Знам
Веќе знам дека конечно
ќе ме нема некое утро.
220. Предадени
Ги предал на туѓини некој
безличен, со живот бездомен.