Потребно време за читање: < 1 минута

6. Врвица со знаци

Неговата врвица е со многу знаци оставени од некои што врвеле по неа оти нема друга до голион врв. Ги оставале на одење кон него или на враќање? Успеале да се искачат, да го освојат или не?

Какви се знациве? Тој не умее да ги одгатне и тоа го мачи најмногу. Се обидува долго, а досега успеа само да разбере дека се од некое древно време. Значи, можеби оставени од негови предци, а можеби од нејзнајни туѓинци.

Досега успеа да одгатне само два: изгрејсонце и брановидна река. Ги поврза логички и надежно: за да се стаса на врвон треба да се тргне по неговава врвица на изгрејсонце и да се премине пенливата река, со многу стени, брзаци и вирови.

Иако секогаш без умор успева да стаса до неа , тој сѐ уште не знае како да ја совлада. Направи и дрвен мост со кој ги поврза нејзините брегови, но таа ненадејно надојде и го урна.        

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here