ГОЛТКИ, минијатурни раскази/ескизи

Потребно време за читање: < 1 минута

56. Зналец

-Јс сум зналец не затоа што сум старец, ами оти цел живот секидневно дознавам, сознавам, учам и не престанувам,-ми вели еден старец зналец.

Јас сум од ретките што го познаваат лично. Знаен им е на многумина на кои секојдневно штедро им пренесува знаења, спознанија и искуства. Но, исто така сум од ретките кои знаат дека меѓу оние од кои зависи стварноста и животот во неа не само што не им е знаен, ами не се ни прашуваат како му е, како ја живее староста. Тој не сака ни збор за тоа.

Ми вели подналутено, речиси со срдит глас:

-На моиве години не им треба многу. Мене ми е сè доволно. Само знаењето, дознавањето, сознавањето и учењето не. Ти велам искрено.

Негов став што ми го повторува и ми значи многу:

-Животот секогаш ни дава многу помалку отколку што ние му даваме. Особено кога е збор за споделувањата во него.

Leave the first comment